Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > ФК Вардар со победа тргна во кадетската лига, момците на Колев ја поразија Ренова
ФК Вардар со победа тргна во кадетската лига, момците на Колев ја поразија Ренова

ФК Вардар со победа тргна во кадетската лига, момците на Колев ја поразија Ренова

Денеска во првото коло во кадетската лига се одигра деби дуелот оваа сезона за избраниците на Влатко Колев. Кадетите на домашен терен ја пречекаа екипата на Ренова. На овој дуел дојдовме до победа со резултат 2:1. За црвено-црните стартуваа: Велковски, Радевски, Калчиновски, Пешевски, Ѓоргиевски, Адем, Дарлишта, Благоевиќ, Реџепи, Битиќи и Петкоски.

j4

Во овој дуел освен трите гола немаше поголеми прилики за одбележување на дуелот, се играше цврсто машки на средината од теренот со ретки прилики на двете страни за погодок. Во првиот дел една полу-прилика имаа гостите но сепак Велковски беше “буден“ и на време отстрани. Прилика потоа имаше и Саид Битиќи која голманот Абази Адурим ја одбрани. Дури во 29.минута имаше прво сериозно возбудување, истото во гол за нас и водство од 1-0 на овој кадетски дуел го претври Саид Битиќи. Тој доби одлична топка како асистенција од Александар Ѓоргиевски, умешно шутна со глава во мрежата на “гипсарите“ што беше доволно за погодок. Веќе пет минути потоа Ренова успеаа да искористи една прилика и да изедначи на 1-1, враќајќи се резултатски во овој натпревар. Зекири Лабинот во 34.минута успеа да ја мине нашата одбрана и го совлада Велковски за 1-1. До крајот на првиот дел имавме иницијатива на теренот , но без посебни прилики за одбележување пред голот на тетовци.

j j2
Во вториот дел со цел да го смениме ритамот го почнавме со три нови момци; Младеновски Алексндар, Марио Илиевски и Димовски Бојан влегоа на местata на Дарлишта, Благоевиќ и Петковски. Тоа донесе нова свежина и наши обиди за погодоци. Прилика имавме преки Битиќи и Али Aдем кои не ги претворивме во погодок за наше водство. “Бункерот“ на Ренова кој се обидуваше да го брани ремито го “сруши“ Димоски Бојан во 77 минута. Тој погоди за 2:1 со одличен удар од 16-17 метри по земја. До крајот последните десеттина минути беа мирни без посебни прилики за погодок на двете страни.

Ова беше прва победа на дебитанскиот настап сезонава за кадетите на Вардар.