Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јаневски: Ќе одиме фронтално, ќе ротираме играчи да направиме на секој натпревар тим кој што ќе постигнува добри резултати
Јаневски: Ќе одиме фронтално, ќе ротираме играчи да направиме на секој натпревар тим кој што ќе постигнува добри резултати

Јаневски: Ќе одиме фронтално, ќе ротираме играчи да направиме на секој натпревар тим кој што ќе постигнува добри резултати

Чедомир Јаневски на денешната прес-конференција на ФК Вардар, истакна дека историски е успехот пласманот во Лигата на Европа. Исто така Чеде говореше и за новите противници во групната фаза:

„Ја добивме групата вчера, и можам да кажам дека истата е тешка како и сите останати. Ние тука на Балканот повеќе би сакале тимови од средна Европа, Италија, Германија, Франција… Но, групата е таква каква што е и треба да се подготвуваме за неа. Имаме свои цели. Се боревме многу да излеземе на оваа сцена и заслужено сме тука. Треба да ги анализираме противниците, и да се подготвуваме веќе за првиот натпревар и против Зенит на домашен терен. За тој тим не треба многу да се зборува. Противникот е составен од многу репрезентативци. Имаат нов тренер Роберто Манчини, а колку можев да видам донесоа и неколку аргентински играчи. Ќе испратиме и наш човек во живо да гледа еден натпревар после репрезентатициите. Да собереме што е можно подобри информации и да се подготвиме за тој натпревар. Еурфијата е голема, и се надевам дека ќе ги израдуваме нашите навивачи и во групната фаза. Многу малку ни даваа шанса и на двата натпревари со Фенербахче, но Вардар покажа дека може. Колку бодови ќе собереме не знаеме, и ќе видиме на почеток на декември. Верувам во играчите, иако ќе биде исцрпувачка есен со оглед дека ќе немаме воопшто слободни термини. Патувањата во Европа се долги и на тоа треба да се разимслуваме. Но, за мене како тренер размислувањата се дека е подобро да играме натпревари околку само да тренираме“, изјави Јаневски.

Јаневски додаде:

„На секој натпревар на сите три натпреварувања ќе одиме да освојуваме бодови и да оствариме добри резултати. Кога дојдов во Вардар од мене се бараше титула, Куп и успех во Европа. Во прв план ни е првенството и да се бориме за титулата. Затоа што за да излеземе во Европа ќе ни биде потребна добра позиција во првенството. Исто така важно е играњето во Европа за подобрување на рејтингот за да бидеме носителни следната сезона. Ќе одиме фронтално, ќе ротираме играчи да направиме на секој натпревар тим кој што ќе постигнува добри резултати“, додаде Јаневски.