Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Младинците со “петарда“ за Ренова! Јаневски, Панчев, Бабунски имаа што да гледаат
Младинците со “петарда“ за Ренова! Јаневски, Панчев, Бабунски имаа што да гледаат

Младинците со “петарда“ за Ренова! Јаневски, Панчев, Бабунски имаа што да гледаат

Денес во рамки на првото коло во младинската лига се одигра деби дуелот оваа сезона за избраниците на Петар Горгиевски кои оваа сезона го води младинскиот тим. Тие се сретнаа на домашен терен во “Јане Сандански“ со ривалите од Тетово, ФК Ренова. Нашите момци дојдоа до убедлива победа во меч во кој доминираа со резултат 5-0 (3-0).
За црвено-црните стартуваа: Зибери, Тодоровски, Антовски, Милковски, Наумчевски, Серафимов, Јахја, Стојчевски, Колевски, Маркоски и Ибиши.

2
Уште од првата минута ја имавме целосно под контрола играта на овој натпревар, поседот на топката беше целосно во наша корист, сето тоа донесе до серија прилики. Прва прилика за нас имаше Јахја чии удар го одбрани Исени. Веднаш по тоа во 14.минута по негова асистенција погоди Колевски Бојан кој стрелаше силно за 1-0. Постојано напаѓавме во продолжение, тоа се отслика во бројот на корни изедовме 6 корни во првата половина од полувремето, постојано заканувајќи се кон голот на “гипсарите“. Колевски повторно погоди во продлжение, по одлична топка која ја доби на 20метра, одлично исолира и го исфрли и голманот на тетовчани, “егзекуцијата“ беше неминовна. Веќе во следната прилика тој беше и асистент, Колевски го пронајде Јахја кој погоди за 3-0 и наше високо водство на овој малдински дуел. До крјаот имавме уште две прилики, истите не ги искористи капитенот на овој состав Маркоски Дејан .

5

4
Во вториот дел стартувавме со неколку измени, во 3 минута преку Јахја ја имавме и прва прилика во вториот дел ударот над гол. Колевски Бојан одлично одигра во офанзива исфрли неколку играчи, сепак неговиот удар заврши крја левиот директ. Вардар во вториот дел продолжи со чести напади, одбраната на Ренова често исфрлаше во корнер. На овој дуел присутни беа и новиот тренер на првиот тим Чедомир Јаневски, спортскиот директор Дарко Панчев кои ги следеја надежите, покрај нив беше и г-н Симев директорот на Вардар и Бабунски директорот на младинската школа.

3

Во средина на вториот дел поради топлото време серијата измени, но и нашето водство дојде до стишување на играта двата тима немаа некоја посебна прилика за одбележување. Ренова дури во продолжение еднаш се обиде, сепак Малик Зибери лесно одбрани. Колевски имаше одлична прилика во продлжение , сепак неговиот удар заврши над голот. Во вториот дел влезе и Оливер Дишлевски кој по подолго време повторно е во составот, повредите на препоните не оставиле белег на неговата игра, тој одигра сосема одлично. Тој својата одлична игра ја круниса со ефектен гол за 4-0. Колевски Бојан по неколку прилики повторно успеа да погоди, стрелаше за “петарда“ 5-0 на 8 мин пред крајот на овој дуел. Веднаш по тоа Дишлиевски се обиде силно по земја, сепак Исени успеа со крајни напори да одбрани.