Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (ФОТО) ФК Вардар генерација “2004“ реди победи во Бугарија, совладан и ФК Топ Тим

(ФОТО) ФК Вардар генерација “2004“ реди победи во Бугарија, совладан и ФК Топ Тим

rz

Младите фудбалски надежи родени 2004 година доминираат на турнирот во Бугарија, тие денес на меѓународен турнир “Балканика куп“ во Сандански го одиграа третиот меч и ја остварија третата победа. Оваа генерација која е предводена од тренерот Филип Арсовски одиграа меч со ФК Топ Тим-Охрид.

Нашите црвено-црни надежи остварија висока победа со резулат 4-0. Тие го решија мечот уште по крајот на првиот дел кој го добиа со 3-0. Мечот се играше  со  по 9 фудбалерчиња односно 8+1 , двете полувремиња  за оваа категорија изнесуваат по 25 минути. За вардарци двапати стрелаше Огнен Здравковски, а по еднаш погодија Стојановски Георг и Попов Горазд. Во минатите два дуела нашите надежи однесоа победа  со врсниците од Престиж Кариана од Софија кој ги победија со 4-1, а доминираа целосно во мечот со тимот на Фк Орлетата каде победата ја издвојуваа  со резултат од 10:0.