На 21-ри февруари (недела) официјално ќе започне пролетниот дел од детската фудбалска лига, за генерации родени 2002, 2003 и 2004 година. Натпреварите на овие генерации ќе бидат одиграни на терените на фудбалската федерација на Македонија. Генерациите родени 2005,2006 и 2007 првото пролетно коло ќе го одиграат на 27-ми февруари.
Во недела ќе настапат само две Вардарови генерации и тоа оние родени “2002“ и “2003“ година. Фк Вардар генер. “2004“ поради настапот на турнирот во Бугарија, своето коло ќе го одигра во друг термин, кој дополнително ќе биде одреден. Фк Вардар генер. “2002“ пролетниот дел ќе го започне со нов тренер во името на Петар Ѓорѓиевски, кој ќе дебитира во недела против екипата на Сарај. Овој меч е закажан да започне од 10:20 часот на теренот број 3. Фк Вардар генер. “2003“ во првото пролетно коло ќе се сретне со тимот на Кул, натпревар кој ќе се одигра на теренот број 2, со почеток од 11:00 часот. Двете наши екипи ќе започнат од првото место на табелата, откако станаа есенски шампиони во своите категории и двете генерации сеуште немаат доживеано ниту еден пораз.