Во недела со почеток во 17 часот и 30 минути се игра дербито во ЛШ. Гостин на нашите девојки ќе биде секогаш незгодниот тим Будуќност од Подгорица. Ова ќе биде нов дуел на овие две екипи, досега ЖРК Вардар нема победа против Будуќност.
Главната задача на овој натпревар ќе ја има австриската судиска двојка Брќиќ и Јусуфхоџиќ. ЕХФ делегат ќе биде Мортен Содал од Норвешка.