Попладнево избраниците на Ане Андовски, генерацијата на ФК Вардар родени “2005“ година стигнаа до четврта последователна победа на турнирот во Бугарија ( Несебар).
Противник ни беше екипата на Нефтохимик од Бургас, кој го совладавме со резултат од 2:0. Двта погодоци беа постгнати во првиот дел и тоа преку ист играч. Напаѓачот на црвено-црните, Никола Величковски два пати ја тресеше противничката мрежа. Покрај нападот, одлично делува и одбраната на вардарци, која е предводена од голманот Апостоловски, потоа Здравковски, Фидановски, Таневски, Кулуковски и Николовски.
Одлично играме на турнирот, на кој имаме четири победи во серија. На првите три натпревари, ги совладавме екипите на Локомотив (5:0), Сталица (6:0) и Левски (3:0). Интересно е што оваа екипа на Вардар се уште нема примено гол на турнирот.