Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар пристигна во Словенија, каде ќе остане во следните 15 дена и ќе ги одработи главниот дел од подготовките
ФК Вардар пристигна во Словенија, каде ќе остане во следните 15 дена и ќе ги одработи главниот дел од подготовките

ФК Вардар пристигна во Словенија, каде ќе остане во следните 15 дена и ќе ги одработи главниот дел од подготовките

Вардаровата експедиција веќе се наоѓа во Словенија, каде во следните 15 дена ќе ги одработи главниот дел од подготовките. Црвено-црните се сместени во хотелот “Витал“.

1

Во Словенија „црвено-црните“ ќе одиграат седум пријателски натпревари. Серијата на „контроли“ почнува на 17 јуни против Шампион Целје, а на 20.06 Вардар ќе игра против Домжале. Ден подоцна нашиот тим ќе спарингува со Марибор, а на 25. јуни ќе игра со Оренбург. На 26.06 Балзан ќе биде противник на Вардарци, на 29.06 ќе се игра „тест“ со Херманштад, а серијата на пријателски мечеви завршува со дуел против Целје на 30. јуни.

Ова се сите 25 играчи на кои ќе смета стручниот штаб на Вардар, на чело со Бобан Бабунски.

ГОЛМАНИ: Филип Гачевски, Филип Илиќ, Игор Алексовски.

ОДБРАНА: Владица Брдаровски, Горан Попов, Евгениј Новак, Кристијан Тошевски, Тодор Тодороски, Никола Серафимов, Филип Антовски.

СР. РЕД: Бесар Исени, Фитор Реџепи, Кларенс Битанг, Вања Марковиќ, Филип Најдовски, Дарко Мицевски, Али Адем, Виктор Нилдо Јуфо, Алекс Талески.

НАПАД: Максим Максимов, Тигран Барсегјан, Матеј Цветановски, Јован Попзлатанов, Јакуп Бериша, Бојан Колевски.

2-2 3 4