Репрезентацијата на Хрватска ќе игра на СП во Германија и Данска, кое ќе се одржи наредната година. Иако хрватите загубија на реваншот против Црна Гора (32:31), сепак поради високиот триумф пред својата публика се пласираа на нов голем мундијал.
Во најголем дел од натпреварот, Црна Гора имаше предност, која во еден момент во првото полувреме достигна и седум голови разлика (13:6). Започнаа ибраниците на Џукиќ со водство од 2:0, за да следи израмнување на овој дуел од 3:3. Следеше серија на Црна Гора од 7:3, за избраниците на Червар да намалат на 9:6. Сепак во наредните пет минути, Црна Гора успева да направи серија од 4:0 и да го зголеми резултатот на 13:6. До истекот на првите 30 минути, Хрватска ја намали негативата и на одмор се замина со резултат 18:14.
И во вториот дел, домашната селекција беше во постојана предност, која се движеше од 2-4 голови разлика, се до моментите кога Хрватска го израмни резултататот на 26:26. Дури стигнаа и до прва предност, но во пследните пет минути, сепак Црна Гора се избори за минимална победа. Од ракометарите на Вардар, настапи само Игор Карачиќ кој постигна 2 гола, додека на спротивната страна го немаше Борозан.