Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Јовановски и Петрушевски за нова победа на ФК Вардар генер. “2003“ во детската лига
Јовановски и Петрушевски за нова победа на ФК Вардар генер. “2003“ во детската лига

Јовановски и Петрушевски за нова победа на ФК Вардар генер. “2003“ во детската лига

Утрово на терените на фудбалската федерација на Македонија продолжија натпреварите од детската лига. Активна беше генерацијата на фудбалскиот клуб Вардар, родени “2003“ година. Тие за противник ја имаа екипата на Цементарница, против која остварија убедлив триуф од 4:0. По два гола беа дело на Дарио Јовановски и Марио Петрушевски. 

Целосна доминација на Вардар во текот на целиот натпревар, на кој покрај постигнатите голови имаше и погодено неколку пречки и стативи од противничкиот гол. Прв во прилика да го отвори резултатот имаше Дарио Јовановски, но неговиот удар го брани голманот на Цементарница. Обид со глава имаше и Иван Пашариковски. Шансите пред противничкиот гол се редеа како на филмска лента, но среќата во тие моменти не беше на наша страна. Удар на Филип Ѓорѓиевски кој завршува во пречката од голот. Во следните минути во центарот на вниманието беше Дамјан Ќосески. Овој играч најпрво шутираше над голот, за во следните две акции на црвено-црните да ја погоди стативата и пречката од противничкиот гол. Конечно топката ја видовме во мрежата, а стрелец беше Дарио Јовановски кој му носи водство на својот тим од 1:0. Убава игра за око од нашите млади надежи, нова добра акција со прецизни проигрувања, топка до Дарио Јовановски кој за малку бие покрај гол. Сепак истиов играч повторно се запишува во листата на стрелци, откако при акција од левата страна, Пашариковски нафрли топка која стигна до Јовановски, овој умешно ја смести во мрежата на Цементарница за водство од 2:0. Овој резултат беше актуелен по првото полувреме.

vardarfans gener 2003

Во исто силно темпо го одигравме и ова второ полувреме, што резултираше со два нови погодоци. Благоја Јаневски имаше можност да се запише во листата на стрелци, но неговиот удар успешно е скротен. Цементарница ја имаше и својата прва и единствена прилика да го погоди нашиот гол, кога при грешка на нашата одбрана, еден од противничките играчи изби сам со нашиот голман, но Гоце Јовчев успева да одбрани и да спречи намалување на резултатот. Веќе во следната акција, Вардар казнува со голот на Марио Петрушевски, за предност од 3:0. До крајот на мечот уште еден погодок, повторно дело на Петрушевски и тоа од пенал за 4:0, откако противникот направи три корни.

Продолжуваат добрите игри за Вардаровата генерација родени “2003“, кои како одминува сезоната играат се подобро како еден колектив кој е “жеден“ за надигрување. Утре нов натпревар на истов терен, со почеток од 13 чсаот против екипата на Шкендија (Арачиново).