Денес во Марино се одигра кадетскиот дуел помеѓу Вардар и скопскиот ривал Металург. Во овој дуел гостите беа поуспешни со резулат 0-2 (0-1). Со ова кадетите на Вардар дополнително си ги намалија шансите за титулата, Колев мечот го почна со : Зибери, Тодоров, Јордановски, Скендеровски, Менкиноски, Стојчевски, Марковски, Тасески, Спиркоски, Петревски и Трајчевски.
Првиот дел почна со целосна доминација на црвено-црните кои атакуваа на голот на Благојче Иванов уште по првата судиска свирка. Најголема шанса за избраниците на Колев ја имаше Менкиноски кој излезе сам на сам со Иванов, но не успеа да го отвори резултатот. Гостите успеаа да поведат во 15 минута, нафрли нивниот играч Додевски Кристијан топката одеше бавно и високо и беше лесен плен за Малик Зибери, но вардаровиот голман направи “кикс“ и ја испушти топката во сопствената мрежа. Менкиноски во 20 минута повторно во шанса од 20 метра се лизна но при падот мајсторски шутна топката идеше одлично кон голот на зелено-белите сепак немавме шанса таа заврши во гредата од голот на гостинскиот кадетски тим. Потоа следуваше мирна игра со повремени обиди на двата тима без некоја посериозна опасност за Зибери и Иванов. Во 31 минута шанса имаат Металург, но овој пат ударот по земја одлично го брани Зибери Малик. Менкиновски ја имаше и третата прилика денес во 38 минута по корнер од десната страна топката доаѓа до него кој е на работ од 16 метри шутира волеј, но топката закачува во грб еден од одбранбените играчи на домашните и го менува правецот. Докрајот на првиот дел имавме иницијатива но не успеавме да ја крунисаме со погодок и изедначување.
Вториот период почна мирно без посебни возбудувања на двете страни со мирна игра на средината од теренот. Ние имавме блага иницијатива без посебни шанси. Првата сериозна шанса за нас беше во 52 минута кога нафрли од скратен корнер Трајчевски настана мешаница, но во карамболот не успејавме да ја внесеме топката во голот на гостинскиот голман Иванов. Поради повреда капитенот Маркоски ја напушта играта во 56 минута, а неговото место го зазема Серафимов. Се обидуваме да изедначиме но нашите напади во вториот дел не даваат плод и истите завршуваат претежно на 16 метра пред голот на зелено-белите. Колев повлекува два потега од клупа го внесува Џуклевски на место на Петревски, Јахја го заменува Скендоровски. Имаме иницијатива за израмнување без посериозни шанси за одбележување, поседот на топката е во наша корист. Казната стигна во преку Јусуф Мустафа кој во контра по одбиената топка на Малик забива за 0-2 и сигурно водство на металурзите во 68 минута од мечот Се обидуваме да дојдеме до почесен гол во продолжение сепак не успеваме сериозно да се заканиме кон голот на Иванов. Колев прави троја измена со цел да го смени текот на играта ги внесува Дишлијевски, Пирков, Стоименов на местата на Трајчевски, Јордановски и Менкиновск како обид да дојде до поволен резултат во финишот од мечот. Заигравме поофанзивно со цел да погодиме, зелено-белите свесно се решија за дефанзива со цел да го сочуваат комотното водство од два погодока кое го остварија претходно. Докрајот не успеваме да постигнеме гол и забележуваме пораз од 0-2, со кој значајно ќе заостанеме во борбата за врвот во оваа возрасна конкуренција.