Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА Интервју! Василевски: Подготвен сум за Скопскиот маратон, оптимиста сум за мојот настап
АТЛЕТИКА Интервју! Василевски: Подготвен сум за Скопскиот маратон, оптимиста сум за мојот настап

АТЛЕТИКА Интервју! Василевски: Подготвен сум за Скопскиот маратон, оптимиста сум за мојот настап

Утре на улиците на македонската метропола  со почеток во 8:45 часот по 12 пат ќе се одржи  најмасовната спортска манифестација во земјава “Виз Ер Скопскиот Маратон“. Според очекувањата се очекува да настапат преку 10.000 тркачи поделени во 4 дисциплини од преку 50 земји од целиот свет. Црвено-црниот атлетски колектив како што известивме ќе има четири преставници на во двете најважни и најтешки дисциплини маратонската трка на 42.195км, полумаратон 21.097км, но исто така ќе имаме плус двајца момци и на  5-километарската трка. Дејан Василевски ќе го трча својот дебитански маратон. Младиот Василевски силно го посакува финишот на пеколната 42 километарска делница, ние како вардаров медиум кој се бори за запознавање на јавноста со се што е црвено-црно во земјава ви носиме едно убаво интервју со овој млад и преспективен црвено-црн атлетичар.

ВАРДАР ФАНС: Од кога се занимаваш  со овој спорт, од каде љубовта кон истиот кај вас и кој е вашиот следен предизвик ?

Со трчање започнав пред 5 години. Дури и откако трчањето за мене стана секојдневна зависност, дури и откако се здобив со неколку искуства и километрите полека растеа, немав на ум дека на 22 години (со на никој начин активен спортски живот до 17 години возраст) ќе се пријавам за животен предизвик каков што е маратонот. Се сеќавам дури и дека неколку пати имам кажано дека не планирам да ставам на мојата листа, трка од 42.2км. Барем не до возраст од 25 години. Но трчањето е страст која откако ќе ти „влезе“ во крв, се шири многу брзо, и набрзо претставува предизвик да се задоволи таа страст со малку километри. Покрај тоа, 42 километри долгата делница за мене претставува и животна желба, која цврсто сакам да ја исполнам веднаш.

ВАРДАР ФАНС: Следи најголемата спортска манифестација во земјава “Скопскиот маратон-2016“, како се подготвуваш под будното око на легендата Трпе Мартиновски и што очекуваш?

Настрана емоциите, тие веројатно ќе бидат во втор план за време на трката. Сите совети се да не дозволам да ме понесе срцето, туку умот, затоа што адреналинот на стартот на ваков настан е на толку високо ниво, што може лесно да се изгуби чувство за тоа дали трчаш пребрзо. А тоа може да биде фатално, доколку ја премине границата. Со мојот тренер, Трпе, веќе го дефиниравме темпото со кое треба да ја поминам оваа дистанца, но не би дискутирал за време на финиш или конкретно темпо, затоа што постојат повеќе фактори од кои зависи тоа. Еден од доста важните – знаеме дека на „Скопски Маратон“, температурите знаат да бидат фатални за тркачите. Ако се земе фактот што периодов тренирав на релативно ниски температури во утринските часови (иако температурата не беше многу подобра во останатиот дел од денот), често пропратено и со дожд, а Скопје за време на „Скопски Маратон“ без проблем знае да ни приреди температура и од околу 28 степени, јасно е дека телото недоволно адаптирано на такво нешто, нема да одговори со ритам кој е предвиден и тестиран за време на тренинзите изминативе неколку месеци.

dv2

ВАРДАР ФАНС : Направи фантастично подобрување на својот рекоред за четвртина час, потоа се случи повреда коментар ваш.

Одлична самодоверба и „ветер во грб“ претставуваше личниот рекорд на полумаратонот „Трчаме кон целта“ оваа година, подобар за цели 14 минути, по само 1 месец под тренинг режимот на Мартиновски. Резултатот од оваа трка ме припреми за поинтензивните тренинзи кои следуваа. Но.. како што вели мојот драг пријател и колега од АК Вардар: „Во оваа игра има се’“. За жал да. Ми се случи да на еден лагоден тренинг, на кој со неверојатна свежина и леснотија ги трчав предвидените 20км, ја повредам ахиловата тетива на десната нога. Имам цврст карактер, уште поцврсто граден низ годините поминати со трчање, но не беше карактерот во прашање кога ја изгубив безмалку целата надеж дека на оваа трка ќе се појавам на стартната линија. Сметав дека срцето сака едно, но повреда на ахиловата тетива е нешто што веројатно се лечи барем 2 недели, повеќе и од што остана до трката. Но, додека има и најмалку надеж, добро е. И сепак добро и излезе сето ова. Паузирав „само“ 3 дена (сепак било некое мало воспалување), а и двата наредни беа со релативно лесен тренинг. Ако размислиме, тие 5 дена претставуваат навистина многу. Затоа што времето што преостана беше навистина малку, и тоа беа 5 загубени тренинга. Повеќе од 5, затоа што и формата после 5 дена неквалитетен тренинг и пауза, секако опаѓа за одредено ниво. Но, благодарен сум што сепак добив шанса да го исполнам тоа што го имам замислено. Среќен сум што и покрај ризикот воопшто да не настапам (и тоа со еден од најлошите исходи, повреда на десетина дена пред трка) сепак сум подготвен за старт.

ВАРДАР ФАНС: Што би сакал да порачаш до побликата пред стартот на овогодинешното издание на Скопскиот маратон:

Би искористил овде и директно да повикам на што помасовна публика, публика која ќе остане до самиот крај на трката. Затоа што веројатно после 3 часа, кога тркачи од пократките дистанци на патеката веќе ќе нема, ќе останеме само стотина маратонци, во кои мигови единствениот човек кој треба да го победиш си самиот ти, доволно ќе биде барем 1% поддршка да добиеме од некој надвор од зоната на патеката.

ВАРДАР ФАНС: Пораката за крај би гласела ?

Им посакувам „лесни нозе“ на сите тркачи, особено на полумаратонците и маратонците, па се гледаме во недела на стартно-целната рамнина.

Скопкси маратон-2016!

Скопскси маратон-2016!

Михајло Тушевски