Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ВИДЕО) Амандин Лејно најголем адут на Вардарки на Ф4 во ЛШ
(ВИДЕО) Амандин Лејно најголем адут на Вардарки на Ф4 во ЛШ

(ВИДЕО) Амандин Лејно најголем адут на Вардарки на Ф4 во ЛШ

Денес во Будимпешта ќе  биде одигран завршниот турнир на најдобрите четири екипи во Европа. Меѓу нив е и екипата на ЖРК Вардар, која ќе се обиде за прв пат да се закити со европската круна, откако претходно на два пати го освои брозениот медал. Нашите девојки веќе стигнаа во Будимпешта и се подготвуваат за полуфиналниот меч против екипата на Будимпешта.

ЕХФ секојдневно излегува со видеа за регуларниот дел од сезоната во лигата на шампиони. Се одбираа најдобрите одбрани на голманите во текот на сезоната. Како полека да се најавува најголемиот адут за Вардарки на овој Ф4 турнир. Амандин Лејно се наоѓа во животна форма и ќе биде најголема опасност за противничките екипи.

Видеото со неверојатни одбрани во женската лига на шампиони, може да го погледнете ТУКА, а место секако има и за најдобриот голман на Варарки-Амандин Лејно.