Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Охрид и Автокоманда ќе бидат домаќини на завршните турнири од купот на Македонија
Охрид и Автокоманда ќе бидат домаќини на завршните турнири од купот на Македонија

Охрид и Автокоманда ќе бидат домаќини на завршните турнири од купот на Македонија

Одредени се домаќините на завршните турнири од ракометниот куп на Македонија, во машка и женска конкуренција. Познато е дека четири екипи на Вардар ќе бидат дел од Ф4 турнирот, на кој РК И ЖРК Вардар ќе ги бранат трофеите освоени минатата сезона.

Во периодот од 13-14-ти април, градот Охрид и салата “Билјанини извори“ ќе биде домаќин на завршниот турнир на четирите најдобри екипи во машка конкуренција. Полуфиналните мечеви ќе бидат одиграни на 13-ти април. Во првото полуфинале ќе се сретнат екипите на Металург и Вардар Јуниор (17:30), додека во второто ќе играат РК Вардар и РК Охрид (20:00). Победниците од овие дуели ќе играат во големото финале, кое закажано наредниот ден со почеток од 17:30 часот.

Спортската сала во населбата автокоманда ќе биде домаќин на женскиот куп турнир на четирите најдобри екипи. Таму ќе се сретнат екипите на Металург и Вардар Јуниор (14:00), додека за вториот патник во финалето ќе се борат екипите на ЖРК Вардар и Куманово. Полуфиналните мечеви ќе бидат одиграни на 13-ти мај. Финалниот дуел ќе биде одигран на 15-ти мај, со почеток од 17 часот.