Петта последователна победа за нашиот ракометен шампион во плејофот на супер лигата. Во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански, Вардарци беа подобри во дуелот со екипата на Прилеп.
Натпреварот започна со два гола на Марсениќ во полу-контри за водство од 2:0. Првиот погодок гостинската екипа го постигна во 4 минута. Следеше серија на Вардар од три последователни погодока за водство од 5:1. Ова позитива од четири гола предност беше активна се до 14 минута, кога со погодокот на Душеабев поведовме со 10:6. Претходно двете екипи наизменично влегуваа во серија од по два погодока. Во втората половина од првите 30 минути, црвено-црните постојано ја зголемуваа предноста. При реултат 16:11, успеваме да направиме серија од 7:0, за веќе убедливи 23:11. Конечно Прилеп успева да погоди за да ја прекине серијата на Вардар, кој враќа со нови три гола за 26:12. Последните два гола од првиот дел им припаднаа на Прилеп, па така на одмор се ззмина со резултат 26:14.
Вториот дел со гол го отвара Македа, кој почнува на десната бековска позиција, на местото на Дуешебаев. Штербик продолжува на нашиот гол и во второто полувреме. Серијата на Вардар продолжува со погодоците на Манасков за водство од 31:14, додека првиот погодок во вториот дел Прилеп го постигнува во 35 минута. Во следните пет минути се игра гол за гол на двете страни. Варар со половина од своите сили го игра овој натпревар, кој веќе е трет во низа. Шишкарев во контра погодува за 38:18 во 42 минута од натпреварот. Во следниот период, Прилеп беше рамноправен противник барем по бројот на постигнати голови. На сеум минути пред крај резултатот на семафарот беше 43:23. До крјот на натпреварот, направивме серија од 6:1, за конечни 49:24 на овој натпревар.
Алекс Душебаев и Дејан Манасков беа најефикасни со по 7 постигнати голови. Тимур Дибиров додаде 6 погодоци.