Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нова победа за избраниците на “Чунга Лунга“, генер. “2003“ на ФК Вардар го “преслуша“ и Њу Старс
Нова победа за избраниците на “Чунга Лунга“, генер. “2003“ на ФК Вардар го “преслуша“ и Њу Старс

Нова победа за избраниците на “Чунга Лунга“, генер. “2003“ на ФК Вардар го “преслуша“ и Њу Старс

Вардаровата генерација родени “2003“ година славеа во дуелот со Њу Старс, во рамките на 13 коло од регоналната-скопска лига. Убедлива победа од 4:0, на натпревар на кој нашите млади надежи доминираа во текот на сите 80 минути.

Тренерот Петрески стартуваше со следниве 11-сетмина: Стојковски, Ѓорѓоски, Сељанац, Трпезановски, Стојановски, Хансаи, Давидовски, Јовановски, Мирков, Андрески, Прелоговски.

1

Првиот обид го имаше Дарио Јовановски кој шутираше покрај голот на противникот, додека на спротивната страна врати и Њу Старс со удар со глава, но ништо сериозно кон голот на Лука Стојковски. Вардар имаше иницијатива на теренот и постојано беше во атак на противничкиот гол. Од голема далечина се обиде и капитенот Давидовски кој бие покрај голот. Црвено-црните успеваат да го отварат резултатот и да поведат со 1:0, со погодокот на Лео Андрески. Се играше акција од десната страна, кога нафрли Трпезановски во противничкиот шеснаесетник, на вистинското место се најде Андрески, кој само ја постави ногата и топката заврши во голот на гостинскиот тим. Во првото полувреме за одбележување се и шансите на Давидовски кој бие над голот и на Мирков чиј удар го брани голманот на Њу Старс. По првите 40 минути, Вардар има минимално водство од 1:0.

2

Веднаш измена на стартот на второто полувреме, во игра влегува Дамјан Марковски на местото на Трпезановски. Првата прилика во овој дел од мечот ја имаше Антонио Мирков кој со глава бие за малку над противничкиот гол. И во вторите 40 минути Вардар имаше поголем посед на топка и беше поконкретен во своите обиди да постигнува голови. Набргу успеваме и да зголемиме на 2:0, откако од корнер нафрли Мирков, кој го пронајде Ѓорѓоски кој со глава ја заби топката во мрежата на Њу Старс.

4

Втора измена направи тренерот на Вардар, “Чунга Лунга“ кој го внесе на теренот Марио Петрушевски, додека играта ја напушти Прелоговски. Токму Петрушевски можеше да се запише во листата на стрелци, откако од десната страна сакајќи да центрира ја погоди пречката од противничкиот гол. Продолживме со атаци кон голот на Њу Старс, а Давидовски со глава бие над голот. Гостинската екипа денес беше безопасна и беше главно ориентирана на одбраната. Андрески можеше да постигне нов гол, но само ја погоди стативата, откако од десната страна нафрли Маркоски. Во главна улога повторно Мирков и Ѓорѓоски, кои носат предност на Вардар од 3:0. Нафрли од корнер повторно Мирков, а повторно на вистинското место се најде Филип Ѓорѓоски, кој со својот втор гол денес го зголеми резултатот.

3

Тренерот Петрески им даде шанса за настап на сите играчи. Во игра се и Јаневски, Петкоски и Јовчев, на местото на Андрески, Стојановски и Стојковски. Нововлезениот Бојан Петкоски имаше шанса да постигне гол, но немаше среќа откако биеше за малку над голот на противникот и ја закачи малку пречката. Во последната минута од натпреварот, Вардар постгна гол за 4:0, а стрелец е Антонио Мирков кој заслужи денес да се запише во листата на стрелци.

5

Одлична игра за оваа Вардарова генерација, која од натпревар на натпревар игра се подобро. Ова беше вкупно 10 победа за црвено-црните во регоналната-скопска лига.