Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Висока победа за ФК Вардар генер.2005 во детската лига во дуелот со Њу Старс
Висока победа за ФК Вардар генер.2005 во детската лига во дуелот со Њу Старс

Висока победа за ФК Вардар генер.2005 во детската лига во дуелот со Њу Старс

На терените на Фудбалската федерација на Македонија  денес во скопската населба Ново Лисиче се одигра ново коло во детската лига. Генерацијата на ФК Вардар родени 2005 година која ја води Ане Андовски денес одигра еден дуел, во кој се сретна со тимот на  ФК  Њу Старс-1. Нашите момци дојдоа до победа со висок резултат 8-1 (2-1).

10

Првото полувреме беше далеку понеефикасно, протиникот беше ориентиран на “бункер“ ние напаѓавме, но и големото количество на дожд беше наш непријател. Сепак успеавме да погодиме први преку Арбин Курти, , кој стелаше умешно за 1-0. Нашиот противник успеа да постигне во продолжение погодок и да изедначи на 1-1. Ние предноста ја вративме преку Никола Величковски кој погоди за 2-1. Во првиот дел покрај двата гола имавме серија прилики, најголемата ја пропушти Тино Спасиќ кој не успеа да погоди од  пенал. Покрај него прилики имаа Горјан Цветков, Зоран Фидановски и Матеј Николовски. Противникот имаше два пенала кои не ги реализираше бидејќи на нашиот гол беше расположениот Леонид Илевски во првиот дел.

12 15

Вториот дел почна со наша доминација и пропуштени шанси за Матеј Николовски и Зоран Фидановски. Во следниот напад во прилика беше повторно Арбин Курти, тој успеа да погоди силно по земја за 3-1. Во елемент влезе Ѓорѓи Дошев, тој најпрвин се обиде со силен удар кој голманот на противникот го одбрани, а потоа беше во соло продор. Во истиот тој ги исфрли своите чувари и погоди за преност од 4-1 за црвено-црниот тим. Ние доминиравме на теренот и прашање на време беше кога ќе следува “голејада“ во голот на нашиот ривал. Многу прилики имавме кои не ги рализиравме во средината на вториот дел.  Најпрвин Курти шутна крај голот, потоа Никола Величковски промаши од непосредна близина по една акција во која маестално асистираше Цветков-Гого. Ние   промашивме пенал преку Величковски, а Фидановски Зоран се обиде од 20.метра, но среќата не го поскаа. Следеа три гола за само 120.секунди игра. Два погодока едно по друго со удари од дистанца постигна Никола Величковски, тој зголеми најпрвин на 5-1, а потоа и на 6-1.

Величковски стрела за 6-1!

Величковски стрела за 6-1!

Во продолжение  по изведена корна до левата страна со глава умешно реализираше Горјан Цветков-Гого кој зголеми на 7-1. До крајот останаа 3.минути кои беа чиста формалност, но и во истите повторно постигнавме гол. Гого успеа да стави “точка“  стрелајќи во последниот напад за 8-1.