Денес во Струмица, натпревари од 13 првенствено коло одиграа кадетите и младинците на ФК Вардар. Победа забележаа кадетите (0:3), додека младинците се поразени од А.Пандев со резултат 0:2.
Избраниците на Влатко Колев, кадетите успеаа да психички да се вратат после елиминацијата во четвртфиналето на купот и денес на гостински терен убедливо ја победи Академија Пандев. По првото полувреме имавме минимално водство од 0:1, а стрелец на голот беше Виктор Пешевски, повратникот во првите 11 на оваа генерација. Имавме поголем дел од играта и во второто полувреме, додека домашната екипа беше безопасна кон нашиот гол, па голманот Тимевски немаше многу работа. Вардар успева да зголеми на 0:2 во 55 минута, а стрелец е Милан Благојевиќ. До крајот на мечот постигнуваме нов трет гол за поубедлива победа од 0:3, откако во 78 минута погоди исто така Благојевиќ, со што го постави конечниот резултат на овој дуел.
ФК Вардар: Тимевски, Радески, Калчиноски, Пешевски, М.Младеновски, Димов, Хасановиќ, Стојановски, Благојевиќ, Димоски, Ибиши.
Младинците после елиминацијата во купот загубија и нов натпревар во првенството, за кој ова е четврти оваа сезона, со што се повеќе ги губиме шансите за титулата. Денес подобри од нас беа Академија Пандев, кои славеа со резултат од 2:0. По првиот дел исто така имаа водство од 1:0.
ФК Вардар: Велковски, Дишлиевски, Антовски, Ѓорѓиески, Серафимов, Наумчески, Трајчевски, Милковски, Јахја, Маркоски, Реџепи.