Денес на фудбалските терени на Фудбалската федерација на Македонија се одигра новото четврто коло кај генерацијата родени 2005 година и помали во детската лига. Денес на програмата беа два меча за оваа генерација против екипата на ФК Шкупи и екипата на ФК Работнички.
Според програмата на детската лига ние првиот меч требаше да биде ФК Вардар генер. 2005 (1)- ФК Шкупи сепак поради непојавување на гостите од Чаир значеше впишување на нови три бода за нашиот тим и службен резултат од овој дуел 3-0. Во вториот меч ФК Вардар генер. 2005 (2) се сретна во дербито со екипата градски парк ФК Работнички. Нашите момци од Вардар (2) беа убедливи и покажаа квалитет на овој дуел. Тие доминираа во сите аспекти на фудбалската игра во текот на целиот меч. Избраниците на Игор Кралевски дојдоа до нова победа овојпат со “петарда„ во мрежата на “Романтичарите“. За нас головите дојдоа преку двајца талентирани момци , Филип Јовановски стрелаше успешно три пати, другите два погодоци за момците предводени од Кралевски ги постигна Матеј Гаштаров. Посебно радува добрата игра на оваа генерација, која игра се подобро од натпревар во натпревар подигнувајќи ја својата форма.