Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Раул и Стоилов: Фаворити сме со Извиѓач, но не смее да се опуштиме
Раул и Стоилов: Фаворити сме со Извиѓач, но не смее да се опуштиме

Раул и Стоилов: Фаворити сме со Извиѓач, но не смее да се опуштиме

Црвено-црниот машки ракометен колектив е пред нов предизвик  во регионалната СЕХА Гаспром лигата. Нашите момци  утре, среда со почеток во  20-30 часот дома  во СЦ „Јане Сандански” го пречекуваат тимот на Извиѓач. За овој меч на стандардната прес конфефернција нашиот стратег Раул Гонзалес изјави:

Вчера не трениравме, имавме одмор и не знам како ќе изгледа составот. Знам дека сите се подготвени за настап, така да ќе „кроиме” на денот на мечот. Треба да играме добро и треба да го почитуваме Извиѓач, без разлика на нивната ситуација на табелата. Ние сме фаворити, но не смее да се опуштиме. Ќе биде тешко, затоа што противникот има добри ракометари кои сигурно ќе сакаат да се докажат. Прво место сме на табелата во СЕХА, но и покрај тоа мора да играме максимално ангажирано затоа што секој меч мора да го користиме за воигрување.

Нашиот  капитен пикерот на ракометниот клуб Вардар Стојанче Стоилов за овој престоен дуел во регионалното натпреварување  го изјави следново:

Се наоѓаме во одлична поциција во ЛШ и во СЕХА. Играчите се мотивирани, има добра атмосфера и одиме на победа. Фаворити сме, но не треба да се опуштаме затоа што за четири дена не чека важен натпревар во ЛШ. Се наоѓаме на добар пат, се надевам така ќе продолжиме уште долго.