Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нова убедлива игра за Вардаровата генер. “2005“ , избраниците на Кралевски прдолжуваат со победите во детската лига
Нова убедлива игра за Вардаровата генер. “2005“ , избраниците на Кралевски прдолжуваат со победите во детската лига

Нова убедлива игра за Вардаровата генер. “2005“ , избраниците на Кралевски прдолжуваат со победите во детската лига

Вардаровата генерација родени “2005“ година продолжуваат со победите во детската лига. Денес во рамките на претпоследното коло нашите млади надежи одиграа два натпревари на кои забележаа победи.

Најпрво на теренот излезе Вардар (1) кој за противник ја имаше екипата на Ринија. Мечот убедливо им припадна на Вардарци кои триумфираа убедливо со резултат 15:2. Самиот резултат говори за одразот на силите и квалитетот на двете екипи. Уште од самиот старт тргнавме напаѓачки, а прв во прилика се најде Величковски. Не требаше да помине многу за да го постигнеме првиот гол, кој беше дело на Симеон Здравковски за водство од 1:0. Веќе во следната акција зголемуваме на 2:0 со голот на Никола Величковски, Јовановски беше асистент кој додаде прецизна топка до Величковски кој го постигнува својот прв гол на овој меч. Играчот кој асистираше на претходниот гол, сега во улога на реализатор. Филип Јовановски го носи Вардар во водство од 3:0. Постојано се редеа шансите пред противничкиот гол, следни во шанса беа Лефковски и Величковски, но резултатот остана непроменет. Матеј Николовски можеби го постигна најубавиот гол на денешниот меч, со силен умерен удар од голема далечина, без шанси да интервенира голманот на Ринија, топката завршува зад неговиот грб за предност од 4:0. Тука не застанавме и продолживме со доминација. “Петарда“ во мрежата на Ринија, на средината од првото полувреме, нов гол за Филип Јовановски за водство од 5:0.

15085537_1158852187494959_2133646147211221279_n

Голеадата ја продолжува Никола Величковски за водство од 6:0. До крајот на првото полувреме уште два погодоци во мрежата на Ринија. За одбележување е првиот директен удар на Ринија кон нашиот гол, но Василиј не дозволува погодок. Нов погодок за Вардар и повторно дело на Филип Јовановски за водство од 7:0. Полувремето со гол, прв на мечот го затвора Давор Лефковски за предност од 8:0.

vardarfans-pobeda-so-rinija

На стартот на вториот дел, Ринија успева да постигне гол и само за момент да го намали резултатот. Величковски повторно стапува на сцена и со нов негов погодок зголемува на 9:1. За двоцифрен број на голови во противничката мрежа се погрижува Филип Радевски за водство од 10:1. Ништо ново не се случуваше на теренот и во продолжение на мечот, што се однесува до офанзивата и бројот на шанси за Вардарци. Давор Лефковски ја продолжува серијата голови за својата екипа, зголемувајќи на 11:1. Противникот направи три корни, по што судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Никола Величковски за водство од 12:1. Втор гол на натпреварот и за Радевски за веќе резултат од 13:1. Давор Лефковски полека се враќа во играчки ритам и во посакуваната форма. Денес беше доста активен на теренот и со нов негов гол зголемуваме на 14:1. До крајот на мечот уште по еден гол во двете мрежи. Најпрво Вардар зголеми на 15:1 со голот на Величковски, додека пред крајот на натпреварот, Ринија постигнува уште еден гол за намалување на 15:2. Со овој резултат заврши дуелот.

Доминацијата на оваа генерација продолжи и со Вардар (2) кој го совлада денес борбениот тим на Њу Старс. Првите закани кон противничкиот гол ги имаше Ѓорѓи Дошев, но противничкиот чувар на мрежата ги скротува неговите удари.  Вардар успева да го отвори резултатот и да поведе со 1:0 со голот на Кристијан Танески. Горјан Цветков од корнер нафрли, Танески налета и со глава ја сместува топката во голот. Вардарци беа подобрата екипа на теренот и по првото полувреме заминуваат со предност од 2:0. Стрелец на голот е Тино Спасиќ со удар од белата точка. Њу Старс во првото полувреме немаше ниту еден директен удар кон нашиот гол.

vardarfans-pobeda-so-njustars

Во второто полувреме, прв кој се најде во полупрлика беше Дамјан Конески. Њу Старс имаше можност да го намали резултатот од слободен удар, но бравурозна интервенција на нашиот голман Василиј, кој спречува погодок. Тино Спасиќ и Андреј Петрески упатуваат удари кон голот на противникот, но без реализација. Следиме нова добра одбрана на Василиј и резултатот останува истиот по првото полувреме. Нови шанси да го зголемиме резулатот, се обидоа Пројкоски и Спасиќ. Имавме голема шанса предвреме да го решиме мечот, Јаневски се најде во добра прилика, но неговиот удар завршува покрај голот. Противникот на пет минути пред крајот успева да го намали резултатот на 2:1, но за да нема неизвесност се погрижи Ѓорѓи Дошев кој носи предност од 3:1. Овој резултат беше и конечен на крајот.

На едно коло пред крајот на есенскиот дел, генерацијата предводена од Игор Кралевски има максимален број на освоени бодови во детската лига. И двете екипи продолжуваат со доминантна игра и победи во лигата.