Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЈУНИОР ЛИГА: На првите три меча денес: Шампион, Илинден и Вардар ДБ однесоа триумфи
ЈУНИОР ЛИГА: На првите три меча денес: Шампион, Илинден и Вардар ДБ однесоа триумфи

ЈУНИОР ЛИГА: На првите три меча денес: Шампион, Илинден и Вардар ДБ однесоа триумфи

Викендов на програмата е четврттото коло во ракометната Вардар Јуниор лигата. Истото за разлика од минатите три кола овој  викендов  се игра само  во главниот град Скопје. Таа денес тргна со три меча во  малата сала при  Спорскиот центар  „Јане Сандански, од истите ви носиме извештаи. Напомена, утре се играат нови 30 меча во три сали.

Во првиот дуел, во генерацијата 2002/2003 кај дамите РК Шампион беше подобар од РК Будимир. Со два гола на почетокот поведе РК Шампион. Со иста мера врати Будимир и изедначи на 2-2. Шампион со серија 1-4 се одлепи и поведе со 3-6. Потоа следеше игра гол за гол на полувреме се замина со преност 6-8 на Шампион.
Вториот дел почна со гол на Будимир, чии девојки намалија на минимална негатива, 7-8. Потоа се случи нешто неверојатно за нив следуваше топ серија, 0-10 со која шампион отиде на 7-18. По ова мечот беше решен целосно, истиот заврши 9-19 на крајот. Миа Петровска и Филипова кај победничките имаа по 4 гола.

Во дуел кај момците во генерација 2004/05 РК Илинден беше подобар од дебитанот во Јуниор лигата сезонава РК Вардар ДБ. Први поведоа избраниците на тренерскиот пар Александара и Дарко Јанев со 1-0. Вардар ДБ играше рамноправно до резултат 3-2 за илинденци. Потоа следеше фуриозна серија на РК Илинден кој до крајот прават 6-1 и на одмор идат со резултат 9-3.
Вториот дел е приказна сама за себе Илинден го запечати својот гол, во текот на целото полувреме не прими ниту еден погодок. Постигна дванеесет, односно со серија 12-0 во вториот дел триумфираа со 21-3. Кај победникот Петрушевски и Колевски имаа по шест гола.

Во третиот меч во генерација 2004/2005 играа дамите. РК Вардар ДБ триумфираше над Опш. Кисела Вода-3. За разлика од мечот во оваа категорија кај момците кај дамите најважна карактеристика беше неефикасноста на двата колектива. Тие заедно постигнаа седум гола. Вардар Дб поведе со 3-0, а Кисела Вода намали на 3-1 во првиот дел.
Потоа во вториот дел со погодок мечот го започна Кисела Вода која намали на 2-3, а веднаш потоа изедначи на 3-3 и го однесе мечот во егал ситуација. Сепак РК Вардар ДБ успеа да погоди за 4-3 и да однесе победа.