Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Милано нова „жртва“ за црвено-црните, генер. 2006 на ФК Вардар стигна до деветтата последователна победа
Милано нова „жртва“ за црвено-црните, генер. 2006 на ФК Вардар стигна до деветтата последователна победа

Милано нова „жртва“ за црвено-црните, генер. 2006 на ФК Вардар стигна до деветтата последователна победа

Генерацијата 2006 на ФК Вардар стигна до нов триумф во рамките на регионалната-скопска лига. Денес на теренот на Академијата, црвено-црните го совладаа и тимот на Милано (3:1).

Тренерот Спасески стартуваше со следниве 11-сетмина: Данстак, Величковски, Николов, Јанкоски, Миовски, Спасовски, Ајетовиќ, Нурединовски, Алији, Цониќ, Николовски (c). 

Вардар имаше иницијатива во текот на целото прво полувреме, а прв кој се закани беше Ајетовиќ, но одбрани голманот на Милано. Во една иста акција на два пати имавме можност да го отвориме резултатот, но не успеавме да погодиме. Најпрво во противничкиот шеснаесетник топка доби Николовски, кој биеше, голманот на Милано одбрани за момент, но одбиената топка стигна до Алији, кој не успева да погоди речиси празен гол, односно топката заврши над голот. Сепак, црвено-црните успеваат да го отворат резултатот и тоа со ефектен гол на Нуман Ајетович, кој погоди од прва после нафрлена топка од Нурединовски, ова значеше и предност на Вардар од 1:0.

3

Екипата на Милано беше во подредена улога и ниту еднаш не се закани кон голот на Данстак, кој беше без работа, а нашата дефанзивна линија функционираше безпрекорно и не дозволи опасности. Ќе одбележиме еден удар на противникот од голема далечина кој заврши над голот на Вардар. Во два наврати од слободен удар, биеше Ајетовиќ, но не успева да го погоди голот на Милано. Во последната прилика од првиот дел се обиде Нурединовски кој биеше слабо, па топката беше лесен плен за голманот на кумановчани.

1 2 4 5 6

Уште во првата минута од второто полувреме, Вардар по втор пат успева да ја затресе противничката мрежа и повторно Нуман Ајетовиќ, кој погоди после асистенција од Алији, за предност од 2:0. Се обиде Милано од слободен удар, но нашиот голман, Андреј Данстак не дозволи да биде совладан и го одбрани ударот. Победата ја потврдивме со нов погодок на Ајетовиќ, играч за кој ова беше хет-трик на денешниот дуел, повторно тој се покажа „кобен“ за противничката одбрана, па веќе имавме и убедливи 3:0. Прв пат оваа сезона дозволуваме да примиме гол, после осум одиграни натгпревари во регионалната-скопска лига, оваа генерација на Вардар прв пат ја вадеше топката од својата мрежа, Милано успева да постигне гол после нафрлена топка од корнер, за намалување на 3:1. Тренерот Спасески на денешниот дуел им даде шанса за настап на сите играчи кои почнаа од клупата. Така во игра влегоа Настевски, Ордевски, Митрески, Танчев, Динов, Илески, Краљевски. Алији имаше голема прилика да го зголеми водството, но од добра позиција шутираше само крај голот. Последната прилика ја имавме преку Нурединовски, кој шутира над голот. На крајот триумф за Вардар со резултат 3:1

Ова беше деветта последователна победа за генерација 2006 во рамките на регионалната-скопска лига, со која се зацврстува на врвот на табелата.