ФК Вардар генерација 2008 со две убедливи победи го заврши последното коло од детската лига. Момците на Пепи Ѓорѓиевски доминираа на денешните средби.
ФК Вардар(1) во дербито со Милано лесно дојде до победа, ова беше дуел на двата тима кои играа во финалето на детската лига изминатата сезона. Ние отворивме рано преку Азизи Арти кој умешно изведе пенал силно шутна по земја за почетни 1-0. Ривалот се закани, но на нашиот гол две одбрани имаше Лука Грчевски. Во елемент влезе Стефан Бранковски, тој имаше три прилики во првата голманот на ривалот одбрани, во следните две беше прецизен и погоди за 2-0 и 3-0. Ривалот искористи една наша грешка во одбраната и намали на 3-1. До крајот на првото полувреме ние доминиравме во поле, Ненад Дамјаноски се обиде, сепак топката не заврши во голот. Милано си постигна автогол за 4-1, а конечните 5-1 во првиот дел ги постигна Блажевски Петар со одличен удар.
.
Вториот дел започна со обид на Бранковски, потоа Грчевски Лука на нашиот гол имаше неколку одлични интервенции при обидите на противникот да намали. Бранковски беше најприсебен пред противничкиот гол и погоди за 6-1. Ние доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра на овој дуел, поседот беше во нашите нозе. Шоторовски Марко имаше прилка за нов гол, но голманот на Милано исфрли во корна. Две прилики во продолжение имаше Ненад Дамјаноски, во првата не успеаа да погоди за високо водство. Во втората шутна од 15.сетина метри силно, топката се заби во горниот десен агол за 7-1, резултат со кој заврши оваа средба.
ФК Вардар(2) лесно и високо ја совлада екипата на ФК Маџари со високи 11-0. Момците на Петар Ѓорѓиевски доминираа уште по првата судиска свирка, ривалот беше ориениран на одбрана. Петар Јаковлевски отвори со гол за 1-0, потоа Марко Шотаровски пропушти прилика да го удвои водството. Бојан Пешов по една мешаница ја спротведе топката во голот за 2-0. Бошковски Коста беше стрелецот на голот за 3-0. На сцена стапи Киш, вардаровиот играч имаше брилијантни 5.минути, во кој ја разори одбраната на ривалот. Тој стрелаше три пати по ред, успеа да ја удвои предноста па од 3-0, тој ни донесе предност со високи 6-0. До крајот имаше два моменти за одбележување, Марковски Стефан одлично шутна топката удри во гредата, на истата налета Коста Бошковски кој погоди за 7-0, резултат со кој се замина на одмор.
Ние доминиравме и во вториот дел, Леон Стамчевски по само 2.минути стрелаше за 8-0. Ташовски Иван влезе во игра, најпрвин се обиде со удар крај голот, потоа успеа да погоди за високи 9-0. На нашиот гол Лука Грчевски конечно имаше работа, ривалот се обиде со два удари кој тој лесно ги скроти. Ние доминиравме во целост па победивме со двоцифрена предност, Јаковлевски стрелаше за 10-0, а конечните на оваа средба 11-0 ги постигна Ташовски на во самиот финиш. Ние бевме далеку помотивира и повквалитетен противник, ривалот цел меч го мина пред својот гол.