Генерацијата 2005 на ФК Вардар стигна до нов триумф. Во рамките на 10.коло од регионалната-скопска лига, црвено-црните славеа во дуелот со Милано (2:1)
Тренерот Петковски стартуваше со следните 11-сетмина: Илиевски, Јакимовски, Таневски, Серафимов, Кулуковски, Спасиќ, Дошев, Цветков, Антевски, Величковски (c), Јовановски
По првото полувреме двете мрежи мируваа, иако Вардар имаше неколку убави шанси да го отвори резултатот, но изостана завршната реализација. Првиот удар го имаше гостинот од Куманово, но топката оди крај голот, додека кај Вардар прв кој се закани беше Дошев кој бие, но одбрани голманот на Милано. Имавме иницијатива и постојано се обидувавме да го загрозиме противничкиот гол. Филип Јовановски се најде во две шанса, сепак не успева да погоди. Се закани и капитенот, Величковски, но одбрани противничкиот голман. Избраниците на Петковски го „окупираа“ голот на Милано, но се уште не успеваме да го отвориме резултатот. Добра прилика имаше и Антевски, но еден од играчите на гостинскиот тим во последен момент изби од гол линијата и спаси негатива. До крајот на првото полувреме обиди имавме и преку Цветков и Дошев кои бијат од голема далечина, но резултатот остана 0:0 на полувреме.
Головите паднаа во второто полувреме, два беа во противничката мрежа, додека еден во нашата. По само четири минути игра во вториот дел, Вардар успева да го отвори резултатот на 1:0 со погодокот на капитенот, Никола Величковски. Сепак во 69 минута, тимот на Милано успева да израмни на 1:1. Вардар не се откажа од можноста за триумф, се играа последните три минути од мечот, кога Никола Величковски со својот втор гол ги постави конечните 2:1 на овој дерби дуел од регионалната-скопска лига.