Вардар не успева да победи во вториот последователен меч сезонава. Денес на градскиот стадион продолжија натпреварите во рамките на ПМФЛ, а црвено-црните и покрај тоа што беа подобрата екипа на теренот не успеаа да ги освојат сите три бодови. Екипата на Шкупи ги казни нашите пропуштени прилики, па во вториот дел со погодок ги постави конечните 1:1 на овој дуел.
Денес, Васоски мечот го проследи од трибините, откако доби казна од два натпревари. Во негово отсуство тимот го водеа Бојовиќ и Таневски кои го стартуваа дуелот со следните 11-сетмина: Гачевски, Новак, Тошевски, Најдовски, Адем, Мицевски, Брдаровски, Жуниор, Цветаноски, Аврамовски, Колевски
Првиот обид го имаше Вардар преку Матеј Цветаноски кој сакајќи да нафрли, топката сепак одеше директно во голот, но за малку топката заврши над голот на гостинскиот тим. Можевме уште во првото полувреме да имаме комотна предност, но не успеавме да реализираме неколку добри прилики. Првата стопроцентна шанса ја имавме преку Бојан Колевски кој доби одлична топка во противничкиот шеснаесетник, нашиот напаѓач имаше чиста ситуација, но бие само над голот, тимот од Чаир се спаси од негатива. Од слободен удар се обиде и Мицевски, но голманот на Шкупи ја исбоксува топката. Вардар сепак успева да го отвори резултатот и да поведе со 1:0, со голот на Реис Жуниор, после една добра акција по левата страна.
По негатива, екипата на Шкупи се обиде во два наврати, имаа удари кои завршија над нашиот гол. Нова прилика за црвено-црните-црните. Од десната страна нафрли топка Брдаровски, во противничкииот шеснаесетник со глава Колевски биеше, но за малку над голот. Последната добра прилика ја имавме во првата минута од судиското надополнување, повторно во акција се најде Колевски, шутира, но одлично одбрани голманот на Шкупи.
Во второто полувреме гледавме борбен натпревар, на кој подобар беше Вардар, но Шкупи од својата прва сериозна прилика успева да го совлада Гачевски. Стрелец на израмнувачкиот гол за Шкупи беше Диак во 72 минута од дуелот, за резултат 1:1, кој на крајот се покажа и како конечен.
Комити денес беа во голема бројка и му дадоа голема поддршка на својот миленик. После ова коло, Академија Пандев ја намали негативата на два бода, откако ремизираа против Струга, додека Шкендија беше убедлива, па сега разликата со Шкендија е само седум бодови во корист на Вардар.