Во 4.коло пионерките на Вардар во меч од кадетската лига беа домаќини на РК Илинден. Вардарки издоминираа, победата беше обезбедена уште од самиот почеток кога поведовме со 13-0. Останува пред нас 5.коло, во дербито за есенската круна гостуваме кај Металург.
Доминиравме на почетокот отворивме со 0-3, имавме шанса и за повисока предност, но во рализација не бевме сконцетрирани. Во 9.минута Александра Јанев побара минута одмор, со цел да се консултираат за да најдат против игра за нашата одбрана и расположената Вероника Ѓорѓиевска на нашиот гол. Ние и потоа во одбраната бевме на ниво, Ѓорѓиевска имаше инспиратвина партија, фаќаше буквално се. Дури во 15.минута преку Бојана Коцева погодивме до 5-0, во нападот имавме проблеми со рализација во првата половина на првиот дел. Потоа следеше наша доминација, почнавме да редиме лесни голови, во 23.минута со голот на Ива Ангеловска од пенал поведовме со 13-0. Вероника беше совладана конечно во 24.минута, од позиција на пикер Михаела Николовска намали на 13-1. Лесно одигравме до крајот, Ѓорѓиевска собираше аплаузи со неверојатните одбрани, во напад доминиравме па на одмор отидовме со резултат 19-2.
Вториот дел започна со по еден гол на двете страни, за почетни 20-3 по 2.минути ракомет.Во 36.минута отидовме на дваесет позитива, со голот на Борјана Коцева поведовме со 25-5 во тој момент. Нашата одбрана беше на ниво, Леа Христоска бранеше солидно, во напад ние тоа го наградувавме со „лесни погодоци“. На средината од вториот дел водевме со 34-8 по голот на Јована Трајановска од позиција на пикер. Тимот на РК Илинден успеа да врзе два гола и намали на 24-10, со погодокот на Ева Ѓорѓиевска во 39.минута. Платон како и на повеќето мечеви одлично изротира, целиот ростер доби „улога“ во оваа средба и си ги исполни задачите во целост. Илинден значајно ја подобри прецизноста во вториот дел, постигна 12.гола за разлика од првиот дел кога погоди два пати во мрежата на Ѓорѓиевска, која беше вратена во финишот во игра. Конечните 44-14 беа поставени во последните 5.секунди, по контра погоди Миланова.
Вероника Ѓорѓиевска беше неверојатна, таа имаше двоцифрен ефект денес во првиот дел прими само 2 гола во 30.минути. Коцева Бојана погоди 8 пати, нејзината сестра-близначка Борјана стрелаше 7 пати, по четири погодоци имаа: капитенот Алекс Коловска, Стојанова и Тошевска.