Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на Вардар без бодови од мечот со младинците на Металург
Пионерите на Вардар без бодови  од мечот со младинците на Металург

Пионерите на Вардар без бодови од мечот со младинците на Металург

Пионерите на Вардар во дуел со младинците на Металург во меч кој се играше во Јане Сандански забележаа пораз со 29-34 од повозрасниот ривал.

75424617_10215717403110274_329859479812177920_o 72647948_10215717401270228_4470212136454324224_o 74484774_10215717406630362_7088444794464108544_o

Дуелот почна со предност на ривалот најпрвин со 1-3, а потоа и со 3-6. Ние се обидовме да се вратиме во игра со два одлични гола на нашиот пикер, Стојменов Александар кој по пад погоди за намалување на 5-7. Постојано во првиот дел противникот се одлепуваше на четири гола, ние намалувавме на два. По 15.минути игра со голот на Матеј Трајановски намаливме на 13-15. Сино белите беа повешти од нашите момци во поле, но нашите пионери машки се бореа за секоја топка. Ние постојано на секое одлепување на Металург на четири или пет гола успеававме да врземе неколку погодоци и се врачавме на минус два. На одмор заминавме со резултат 17-19.

76650763_10215717406270353_7066072073596043264_o 76661775_10215717405830342_6615785194022502400_o 76702409_10215717401030222_1115949726043209728_o

Вториот дел започна со по три гола на двете страни за почетни 20-22 по 6.минути игра, за нас овој резултат го постави Анакиевски Никола.  Ние се боревме многу во поле, нашите голмани беа на ниво на задачата, но поради младоста често во офанзива тоа не го наградувавме. Бевме казнети, противникот во 43.минута успеа да отиде на  плус пет, 22-27. Се обидовме со игра 7 на 6 и со одбрана 5-1 да ја налулираме предноста на тимот од Автокоманда. Сепак не успеавме бевме поразени со 29-34.

78259774_10215717402830267_9063902740127678464_o

Убедливо најдобар поединец беше Матеј Трајановски кој даде 9 гола, Анакиевски Никола стрелаше 5 пати, а Стојановски и Петковски имаа по три погодока.