Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на Вардар Јуниор убедливи на гостувањето во Тетово кај тимот на Балтепе
Кадетите на Вардар Јуниор убедливи на гостувањето во Тетово кај тимот на Балтепе

Кадетите на Вардар Јуниор убедливи на гостувањето во Тетово кај тимот на Балтепе

Кадетите на Вардар Јуниор одигра дуел во Тетово, гостувавме кај тимот на РК Балтепе. Вардаровите играчи имаа лесна задача, квалитетот беше страна на избраниците на Будимир и Станковски. Победата беше убделива и дојде со резултат 21-46.

f2
Мечот започна опуштено, двата тима постигнаа по два погодока за почетни 2-2. Ние веднаш потоа заигравме како што ни доликува, во одбраната на ниво, цврсто и пркосно па со серија 0-6 поведовме со 2-8. Вардарци доминираа во сите аспекти на ракометната игра на оваа средба, од минута во минута ја зголемувавме нашата предност над ривалот. Успеавме со двоцифрена предност да заминавме на полувреме, за време на одморот црвено-црните водеа со резултат 10-21.
Вториот дел домаќините го отворија со погодок за намалување на предноста, односно за резултат 11-21.

f3

Ние продолживме со истото ниво на игра во дефанзива, па на средината на вториот дел ривалот го оставивме на само три постигнати голови, ние погодивме дури десет пати. Некаде на половината од вториот дел водевме со високи 17 гола предност, односно со резултат 14-31. Натпреварот целосно го контролиравме, доминиравме од минута во минута само ја зголемувавме предноста која на крајот изнесуваше дури 25.гола. Ние победивме со резултат 21-46.

f4 f9

Пешевски Андреј погоди осум пати, втор стрелец беше нашиот пикер, Благој Димчевски кој погоди дури седум пати, по шест погодока имаа дури тројца момци, станува збор за: Дамјан Димитријевски, Марио Мишевски и  Леонид Киселовски.