Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Деветта последователна победа за ФК Вардар генер. “2003“ во регионалната лига, со која стана есенски шампион
Деветта последователна победа за ФК Вардар генер. “2003“ во регионалната лига, со која стана есенски шампион

Деветта последователна победа за ФК Вардар генер. “2003“ во регионалната лига, со која стана есенски шампион

Денес на теренот на академијата, Вардаровата генерација родени “2002“ година го играа претпоследното коло во регионалната скопска лига. Противник ни беше екипата на Скопје која ја совладавме убедливо со резултат 8:0.

Тренерот Трајановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Јовчев, Марковски, Трпезановски, Бошевски, Хасани, Стојановски, Јордановски, Јаневски, Тасески, Прелоговски, Петковски.

Првите десет минути од натпреварот поминаа во иницијатива на Вардар, но без посериозни шанси кон противничкиот гол. Првиот удар кон голот на Скопје го имаше Никола Петковски кој бие во рацете на голманот. Црвено-црните набргу го отвараат резултатот и поведуваат со 1:0, со евро голот од слободен удар на Влатко Стојановски. Голманот на ФК Скопје немаше доволно концетрација и топката заврши над неговата глава во голот. Нашите надежи продолжија со офанзивната игра, додека гостинската екипа беше во поодредена улога. Голема прилика за зголемување на резултатот имаше Горазд Јордановски, откако Прелоговски се сам направи од десната страна се ослободи од неколку противнички играчи додаде до Јордановски, но овој бие над голот. Во наредниот период имавме можност од три скратени корнери да постигнеме гол, но голманот на ФК Скопје во сите обиди беше поуспешен. Најпрво се обиде Прелоговски, капитенот на ФК Скопје го одбрани ударот. Од истово место шутираше стрелецот на првиот гол, Јаневски но повторно противникиот чувар е поуспешен. Секој корнер во продолжение од првото полувреме значеше скратен корнер за Вардарци. Се обиде следен Дамјан Марковски кој бие над голот. Сепак до крајот на првото полувреме успеваме да постигнеме втор гол, дело  на Александро Прелоговски за водство од 2:0. Со овој резултат се замина на полувреме.

vardarfans-sandro

Во вториот дел продолживме со офанзивната игра. Прелоговски добива употреблива топка која без проблеми ја сместува во голот на Скопје, за веќе водство од 3:0. Се обиде Андреев од слободен удар, но само покрај голот на Скопје. Црвено-црните денес беа далеку подобра екипа на теренот и постојано создаваа шанси. Нов играч кој се запишува во листата на стрелци беше нововлезениот Лео Андрески кој зголемува на 4:0. Интересно е што на стартот на второто полувреме, тренерот Стојановски се реши во игра да го внесе првиот голман на тимоит, Лука Стојковски кој се покажа и како врвен голгетер. Следните два гола беа дело токму на Стојковски, со кои зголеми на 6:0. Нов погодок за Прелоговски, негов хет-трик на овој меч. Најпрво удар упати Стојановски, кој ја погоди пречката од голот, на одбиената топка наиде Прелоговски кој погодува за предност од 7:0. Во второто полувреме беа направени и неколку измени во нашиот состав. До крајот на мечот уште ден гол во мрежата на Скопје, дело на Дарко Трпезановски кој е негов првенц оваа сезона. Конечниот резултат гласеше 8:0.

Ова беше деветта последователна победа за оваа генерација во регионалната лига со која стана есенски шампион, на едно коло пред крајот.

vardarfans-klupa