Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Вардар 2 гостува на Младост, во дербито на првата ракометна лига
РК Вардар 2 гостува на Младост, во дербито на првата ракометна лига

РК Вардар 2 гостува на Младост, во дербито на првата ракометна лига

Во недела со почеток од 13:30 часот во спортската сала во Богданци ќе се одигра дербито во првата ракометна лига, помеѓу екипите на Младост и РК Вардар 2. Тоа е дуел на првите две пласирани екипи во оваа лига. Младиот состав на РК Вардар 2 од шест одиграни натпревари има исто толку победи, додека Младост има пет победи и еден нерешен резултат.

Ова ќе биде ушт еден голем тест за избраниците на Зоран Петковски, со оглед дека Младост е нивни најголем конкурент за првото место на крајот од сезоната. Искуството и домашниот терен е на страната на противникот, како предност на овој меч, но квалитетот и желбата за докажување кај нашите млади момци се факторите со кои ќе се спротивставиме на Младост. Оваа сезона играме одлично и речиси секој противник беше надигран во дуелите со Вардарци. Очекуваме цврст, неизвесен натпревар и уште едно добро издание на Вардар 2 со кои би го потврдиле првото место, по завршување на есенскиот дел од сезоната.