Генерацијата на ФК Вардар го продолжи стопроцентниот ефект во регионалната-скопска лига, откако утрово на теренот на Академијата убедливо ја совладаа екипата на Форца. Конечниот резултат гласеше 5:1. Ова беше вкупно 18 победа од исто толку одиграни натпревари за вардарци.
Вардар: Гигов, Сурлов, Милошевски, Јаневски(c), Ивановски, Хајдари, С.Стојановски, Стоимов, Перковски, Павлески, Гуџуфи.
Првата измена ја направивме по десет минути игра, кога принудно поради повреда теренот го напушти Перковски, додека на негово место влезе Левент Ибраим. Вардарци успеаа да го отворат резултатот со погодокот на Никола Павлески. На голот најпрво претходеше удар на капитенот Јаневски, кој голманот на Форца го одбрани, за одбиената топка да стигне до Гуџуфи, кој асистираше до Павлески, овој не греши носи предност на црвено-црните од 1:0. Денес тренерот Кралевски настапи со резервниот состав и шанса за игра им даде на играчите, кои преку сезоната помалку добиваа шанса за игра. После погодокот во шанса се најде и Гуџуфи, но гостинскиот голман го одбрани ударот. Вардар играше колку што е потребно за да стигне до нови три бодови, за да се продолжи максималниот број на освоени бодови во регионалната-скопска лига. Имавме уште една прилика преку Гуџуфи, кога Јаневски нафрли во противничкиот шеснаесетник, кој го пронајде Гуџуфи, овој со глава бие за малку покрај голот. Сепак во следната акција погоди Бесар Гуџуфи, за водство на Вардар од 2:0. До крајот на првото полувреме видовме уште еден гол во мрежата на Форца, втор на мечот за Никола Павлески, кој го зголеми резултатот на 3:0. Од речиси половина терен топка му додаде Милошевски, а Павлески умешно се сврте и шутираше силно во мрежата на гостинската екипа.
Измени во вториот дел во редовите на Вардар. Во игра влегоа Ѓорѓи Дошев, Арбин КуртиТоми Силјановски и Давор Серафимов. Прв директен удар во второто полувреме имаше капитенот Јаневски, кој од слободен удар бие над голот на Форца. Почесен гол на овој дуел постигна и противникот кој успеа да ја затресе нашата мрежа и да го намали резултатот на 3:1. Имавме голема прилика бргу да вратиме, кога биеше Дошев, а еден од противничките играчи ја исфрли топката од гол линијата. До крајот на мечот постигнавме уште два гола во мрежата на Форца. Најпрво на 4:1 резултатот го големи Левент Ибраим, за конечните 5:1 да бидат дело на Арбин Курти.
Оваа генерација на Кралевски на три кола пред крајот веќе ја обезбеди титулата во регионалната-скопска лига, а исто така се пласираше и во големото финале на купот.