Важна победа за вардаровата генерација родени “2003“ година кои се многу блиску до освојување на шампионската титула. Утрово на теренот на Академијата, избраниците на Горан Петрески беа подобри од екипата на Форца, која ја совладаа убедливо со резултат од 10:0.
Вардар: Рамадани, Марковски, Сељанац, Исмаили, Трпезановски, Марковски, Давидовски, Стојановски, Алими, Јовановски, Мирков, Прелоговски.
Првите обиди кон противничкиот гол ги имаа Исмаили кој на нафрлена топка од корнер бие со глава над голот и Стојановски кој шутира покрај голот на Форца. Гоеладата на овој дуел ја отвори Влатко Стојановски, кој прв успеа да ја погоди противничката мрежа и да му донесе предност на Вардар од 1:0. Имавме целосна доминација на теренот и голем посед на топка. Се редеа шансите пред противничкиот гол, а вториот гол на овој дуел го постигна Дарио Јовановски за водство од 2:0. Набргу го зголемивме резултатот на 3:0 и тоа со првиот гол денес на десниот бек, Дамјан Марковски, кој на нафрлена топка од Сељанац, успеа да ја абие топката во мрежата на Форца. Во продолжение од мечот голема шанса имаше Прелоговски кој ја погоди пречката од голот на противникот. Се закани исто така и Алими, но ударот заврши покрај голот. Втор гол на натпреварот и за Дарио Јовановски, кој му донесе зголемена предност на Вардар од 4:0. Форца беше повлечена на својата половина, а црвено-црните до диктираа темпото на игра и постојано напаѓаа. Следиме евро гол на Антонио Мирков кој со удар од околу 20 метри ја “закова“ топката под пречката од голот на Форца, за водство од 5:0. И следниот гол беше дело на Мирков, кој погоди со глава на нафрлена топка од Сељанац.
На стартот на вториот дел беа направени измени. Во игра влегоа Јовчев, Тасески, Петковски и Петрушевски. Првите обиди во овој дел од мечот ги имаше капитенот Давидовски и двата ги одбрани голманот на Форца. Сепак во следната прилика во листата на стрелци се запиша и Петар Давидовски, кој погодува за водство од 7:0. Ја полневме мрежата на гостинскиот тим, во листата на стрелци се запиша и Алек Сељанац, кој зголеми на 8:0. Рутински ги одработивме и последните 20 минути од мечот, во кои постигнавме уште два нови гола. Марио Петрушевски со својот прв гол денес зголеми на 9:0, за конечните 10:0 да бидат дело на Александро Прелоговски.
Со овој триумф, Вардар ја врати предноста од пет бодови повеќе во однос на екипата на Шкендија. До крајот на сезоната остануваат да се одиграат уште три кола. Во следното коло, Вардар гостува на екипата на Скопје.