Украинскиот интернационалец кој игра на централните позиции во одбраната, Евгениј Новак е роден на 1 февруари 1989 година во Киев, главниот град на Украина. Тој денес во Анталија со остатокот од тимот е на подготовки, таму тој ќе го прослави својот 29.роденден. Професионалната кариера ја започнува во најтрофејниот украински клуб Динамо Киев, додека во Премиер Лигата на својата родна земја, има настапувано и за екипите на Севастопол, односно Волин Лутск, потоа дојде во нашиот Вардар.
Редакцијата на ”Вардар фанс” му го честита роденденот на Евгениј, и му посакува уште многу години да остане во ФK Вардар, збогатени со многу титули.