Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Против Брест Мешков ќе се подготвуваме за “предизвикот“ наречен Барселона во ЛШ
Против Брест Мешков ќе се подготвуваме за “предизвикот“ наречен Барселона во ЛШ

Против Брест Мешков ќе се подготвуваме за “предизвикот“ наречен Барселона во ЛШ

Денес продолжуваат натпреварите од СЕХА-лигата, за нашиот ракометен шампион. Вардарци гостуваат во Белорусија на екипата на Брест Мешков, каде ќе се обидат да ја продолжат победничката серија, тие се единствените кои се уште немаат пораз во ова натпреварување. За разлика од нашиот состав, денешниот противник се наоѓа на четвртото место, со биланс од седум победи и дури четири порази.

На почетокот на сезоната, во рамките на третото коло, Вардар на домашен терен убедливо ја победи екипата на Брест Мешков (31:23). Шампионот на Белорусија загуби уште и од Татран, Горење Велење на гостински терен и од екипата на Целје, во салата каде денес ќе се одигра мечот со Вардар. Новото засилување кое пристигна на почетокот на оваа сезона, србинот Петар Џорџиќ е најдобар стрелец на Мешков во ова натпреварување. Тој зад своето име има запишано 48 голови, додека втор по ефикасноста се истакнува Александер Сурински кој постигна 36 голови. Екипа која многу тешко дава бодови пред се на домашен терен, што се гледа и по нивните настапи оваа сезона во Лигата на Шампионите. Се работи за цврста и борбена екипа, која располага со квалитетни ракометари, кои знаат да бидат голема опасност кон противничките голови. Сигурно дека не очекува еден интересен и пред се квалитетен натпревар, на кој присутната публика ќе може да ужива како и оние пред малите екрани. Пренос од мечот ќе има на МРТ-1 со почеток од 17:00 часот.

На завршеното ЕП во Хрватска и двете екипи имаа осум свои ракометари, кои играа за различни селекции и дадоа свој придонес во постигнатите резултати. Немаше многу време за Брест и Вардар за заеднички тренинзи и подготовки во пресрет на овој дуел. Тренерот Гонзалес со себе не ги зема, Борозан, Чупиќ, Недановски и Абутовиќ, додека најверојатно “поштеда“ ќе добијат и Кањелас и Штербик, што значи дека ќе бидеме ослабени на овој натпревар. Со денешниот дуел започнува “пеколниот“ распоред за црвено-црните, кои после овој натпревар ќе се упатат за Словачка, каде во сабота гостуваат на тимот на Татран Прешов. По доаѓањето во Скопје, екипата ќе тренира и ќе се подготвува за предизвикот наречен “Барселона“ во Лигата на Шампионите, меч кој е закажан за на десетти февруари. Се надеваме дека во Скопје ќе тренираме во комлетен состав и со истиот ќе заминеме на гостувањето во каталонија. Но претходно ни останува да ги одработиме споменатите два меча во СЕХА-лигата, па потоа погледите ќе ги насочиме кон Барселона.