Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Нема дилема, Новак ќе игра против Шкендија!
Нема дилема, Новак ќе игра против Шкендија!

Нема дилема, Новак ќе игра против Шкендија!

Нема дилема, најдобриот стопер на Вардар во овој момент Евгениј Новак, ќе ја предводи одбраната на Вардар на неделното дерби во Маџари против Шкендија.

Покрај Новак, стандардно, друштво на стоперската позиција ќе му прави капитенот на Вардар, Горан Попов.

Од друга страна постои голема можност доколку не игра Барсегјан како крило да настапи Брдаровски кој одигра одлично на таа позиција против Академија Пандев и постигна два гола.

Доколку Васоски се одлучи за ваков потег, тогаш неговото место ќе го завземе Тошевски.