Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар: Да покажеме спортска почит и да докажеме дека Вардар заслужено полека се враќа онаму каде што му е местото – на врвот на табелата
Вардар: Да покажеме спортска почит и да докажеме дека Вардар заслужено полека се враќа онаму каде што му е местото – на врвот на табелата

Вардар: Да покажеме спортска почит и да докажеме дека Вардар заслужено полека се враќа онаму каде што му е местото – на врвот на табелата

Соопштение од ФК Вардар за неделниот натпревар во Маџари. Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Дербито помеѓу Вардар и Шкендија кое што ќе се игра во недела со почеток во 14:30 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, е прогласен за натпревар од висок ризик, и поради тоа за него ќе важат посебни безбедносни мерки.

Ве информираме дека вратите од стадионот ќе бидат отворени во 13:30 часот, и ќе бидат затворени во 14:20 часот, односно десет минути пред почетокот на натпреварот. Ги замолуваме и сите службени лица како новинари, фоторепортери и камермани да пристигнат најдоцна до 14:15 часот на стадионот.

Со оглед на високоризичноста на мечот, и за овој натпревар ќе важи забраната за гостински навивачи и симпатизери. На истите нема да им биде дозволен влез на трибините на стадионот.

При секое купување на билет, задолжително се покажува документ за лична идентификација. Влезницата чини 100 денари.

Забрането ќе биде внесување на секаков вид пиротехнички средства, тврди предмети, затоа апелираме до публиката да не носи на стадионот ваков вид на предмети, затоа што ќе им бидат одземени при самиот влез.

На крајот апелираме до сите симпатизери за фер и коректно однесување и навивање на трибините. Да покажеме спортска почит и да докажеме дека Вардар заслужено полека се враќа онаму каде што му е местото – на врвот на табелата.