Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Мечот Барселона-Вардар, прогласен за дерби на 8.коло во ЛШ
Мечот Барселона-Вардар, прогласен за дерби на 8.коло во ЛШ

Мечот Барселона-Вардар, прогласен за дерби на 8.коло во ЛШ

Натпреварот од 8.коло во најсилната група А од Лигата на Шампионите, помеѓу екипите на Барселона и Вардар според ЕХФ е прогласен за меч на колото во најголемото натпреварување. Овој дуел е закажан за на 17-ти ноември во арената “Палау Блауграна„ со почеток од 18:00 часот. Претходно, црвено-црните ќе бидат домаќини на Барселона, тоа е меч од 7.коло во најсилната група А, закажан да се одигра на 11-ти ноември, со почеток од 17:00 часот.

Важни натпревари за Вардар, исходот од овие мечеви може да има и влијание на конечниот исход на табелата во оваа тешка и неизвесна група.