Младите првотимки на ЖРК Вардар ги очекува тежок натпревар во рамки на 8.коло од женската ракометна Супер лига. Тие овој викенд се домаќини во големата сала при С.Ц “Јане Сандански“-Скопје на екипата на ЖРК Пелистер од Битола.
Девојките на Симовски и Ристова влегуваат со бодовна предност од четири плус, ние досега успеавме да дојдеме до 16.бода со кои сме второпласирани, екипата од Битола има 12.бодови, зелено-белите девојки се на 5-та позиција на табелата.Вардаровите девојки се во серија од пет победи, тие имаат четири триумфи во сениорска и еден во младинската лига. Дуелот ќе го судат Геогиевски Дејан и Геогиевски Димитар од Скопје. Овој натпревар ќе биде тежок во него двата тима влегуваат со еднакви шанси за победа. Мечот ќе се игра на 21.ноември, недела со почеток во 16 часот и 30.минути.
Во тимот на ЖРК Пелистер играат и поранешните “вардарки“: Анастасија Николовска, Ива Божиноска и Сашка Филипоска.