Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Новак се враќа во тимот, Жуниор веројатно на клупата за резерви
Новак се враќа во тимот, Жуниор веројатно на клупата за резерви

Новак се враќа во тимот, Жуниор веројатно на клупата за резерви

Денеска на програмата е единаесеттото коло од ПМФЛ. Во него, лидерот на табелата Вардар на домашен терен го пречекува тимот на Борец од Велес.

Вардарци по ремито со Македонија ЃП, сигурно дека ќе сакаат уште на овој дуел да се вратат на победничките патеки, додека пак тимот на Борец веројатно нема да има ништо против и овој дуел, како и оној од првиот круг, да заврши со нерешен изход.

Во нашиот тим на овој дуел и од првата минута се враќа Евгениј Новак кој ја пропушти минатата средба. Жуниор се очекува да биде на клупата за резерви и да чека шанса во вториот дел, исто како и Брдаровски, кој сеуште не е 100% подготвен поради оток на ногата.

Дуелот на Вардар и Борец денес, започнува со почеток од 14 и 30 часот.