Комбинираната селекција на Република Македонија во Турција ја отворија ЕХФ-неделата со триумф против домаќинот со 26:23. Црвено-жолтите иако подмладени одлично го одиграа овој дуел, ние доминиравме од почетокот се до крајот на оваа средба.
Одлично отворивме, ја стабилизиравме играта и имавме предност. Во 20. минута бевме на плус четири, 12:8. Со таа разлика заминавме и на одмор кога на семафорот стоеше 11-15 нашите момци. Вториот дел ни донесе шанса да се одлепиме, успавме да стигнеме и на шест позитива, 22:16. Сепак потоа следеше пад во играта, домаќинот со серија 0-4 се доближи на само 22-20. Ние бевме поумешни во финишот и дојдовме до „цел плен“ со резултат 26-23.
Вардарци во оваа селекција се вкупно четири, тројца играчи и еден тренер. Кукуловски Дејан не забележа погодок, додека Димитар Димитриоски погоди еденаш. Пуленот на вардаровиот тренер Царчев Александар, младиот Марко Кизиќ имаше деби од соништата. Тој влезе во 39.минута и одбрани дури осум удари, од кои четири-пет во серија кога противникот се закануваше да ја загрози предноста. Претходно, Томовски имаше исто така 8.одбрани.