Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар генер. 2007 со две нови победи во лигата
Вардар генер. 2007 со две нови победи во лигата

Вардар генер. 2007 со две нови победи во лигата

ФК Вардар генерација 2007 продолжува со своите одлични игри и победи во лигата. Денеска нашите млади момчиња издвојуваа нови две победи против екипите на Фaст и Сарај.

Најпрвин на теренот излезе Вардар (1) кој одигра меч против тимот на Фаст. На овој меч нашиот тим броеше дури до 18 погодоци. Денеска сите играчи на Вардар беа расположени за голови. Уште од самиот старт вардарци наговестија дека и против овој тим ќе имаат лесна задача да издвојуваат нов триумф во лигата. Нашиот тим постигна 18 а прими само еден погодок. Стрелци на овие погодоци денеска беа: Емир Шaбoтиќ 6, Стефaн Млaденoвски 3, Петaр Мицевски 2, Мaркo Киш 2, Мaркo Крстевски, Мипoш Спaсoвски, Алексaндaр Грaшески, Дрaгaн Лебaриќ и Лукa Јaневски пo 1 гoл.

За перфектен ден се погрижи и Вардар (2) која славеше победа над Сарај со резултат 7:5. Овој натпревар беше поинтересен за разлика од мечот на Вардар (1). На овој натпревар нашиот тим постигна за нив одлични седум погодоци, а прими пет. Уште од самиот старт се виде дека ова ќе биде возбудлив натпревар на двете екипи. На крај, за голема радост се радуваше нашиот тим кој славеше голема победа пред разигрувањето за титулата. Стрелци за Вардар на овој меч беа: Златко Радески 4, Петар Котевски и Филип Кузаревски по еден, и еден автогол.