Конечно вардарки отидоа чекот понапред од претходните години на Ф4 турнирите во лигата на шампионите. Откако се пласираа во големото финале на прес-конференцијата после натпреварот вардарки се обратија пред новинарите. На пресот зборуваа Дибирова и Пенезиќ. Ирина Дибирова тренер на Вардар за победата во полуфиналето вели:
„Имавме добра анализа пред средбата и добро се спремивме. Ништо не нѐ изненади на натпреварот. Првите 10 минути беа клучни за натпреварот.“
Андреа Пенезиќ изјави за медиумите по оваа победа следното:
„Ова е како остварување на сонот. Четврта сезона играме и првпат сме во финале. Сакам да им честитам на сите колешки, бевме одлични, моќни и ментално силни и ја заслуживме победата.