Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар генер. “2007” не запира со победите
Вардар генер. “2007” не запира со победите

Вардар генер. “2007” не запира со победите

Вардар генерација “2007” не запира со победите во Детската фудбалска лига. Попладнево момчињата на Зоран Петковски запишаа две победи, совладани беа екипите на Албарса (6:1) и Викторија (3:2).

Најпрвин на теренот истрча Вардар (1) кој одигра натпревар против Албарса. Овој меч нашиот тим го доби на убедлив начин со шест голови постигнати во мрежата на противникот. И на овој натпревар нашите млади момчиња демострираа моќ против една противничка екипа.

Стрелци на головите од денешниот меч беа: Петар Мицевски (2), Стефан Младеновски (1), Борјан Томовски (1), Милош Спасовски (1), Александар Грашески (1).

На вториот меч Вардар (2) одигра натпревар против Викторија. Овој меч беше многу по возбудлив за разлика од првиот. Иако вардарци наидоа на еден тврт противник, сепак успеаа да го совладаат и овој тим благодарение на двата погодоци постигнати на Никола Јовановски. Покрај овој играч, на овој меч во листата на стрелците се запиша и Михаил Јорданоски.