Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2005“ не запира со победите, ново убедливо издание за оваа генерација во денешното коло од детската лига
ФК Вардар генер. “2005“ не запира со победите, ново убедливо издание за оваа генерација во денешното коло од детската лига

ФК Вардар генер. “2005“ не запира со победите, ново убедливо издание за оваа генерација во денешното коло од детската лига

Генерцијата родени “2005“ година на фудбалскиот клуб Вардар денес на терените на ФФМ го одиграа осмото коло во детската лига. Тие денес забележаа две нови победи, против екипите на Тефејуз и Бешикташ.

Најпрво на теренот излезе Вардар (2) кој за противник ја имаше екипата на Тефејуз. Првиот обид кон противничкиот гол го имаше Кристијан Танески кој биеше покрај голот, откако од корнер нафрли Цветков. Набргу Вардар го отвара резултатот и поведува со 1:0, со голот на Горјан Цветков со удар од белата точка. Се обиде во следната акција и Дамјан Конески, кој биеше силно за малку покрај голот на Тефејуз. Успеваме да поведеме со 2:0 со голот на Дамјан Конески и повторно од пенал, откако претгодно во противничкиот простор беше фаулиран Лука Јакимовски. На одмор се замина со предност на црвено-црните од 2:0.

vardarfans-tekst

Во вториот дел прв обид кон противничкиот гол имаше Горјан Цветков, но неговиот удар го брани голманот. Шанса имаше и Лефковски кој шутира покрај голот на Тефејуз. Со својот втор гол на денешниот меч Горјан Цветков успева да зголеми на 3:0. Истиов играч уште еднаш се обиде биеше силно, но противничкиот чувар успешно брани. За одбележување се двете одлични интервенции на нашиот голман Бреслиев Марко кој не дозволува погодок во нашата мрежа. Доминација на Вардар и до крајот на натпреварот и нови три погодоци. Најпрво на 4:0 зголемува Горјан Цветков за хет-трик на овој натпревар. Со својот прв гол, денес Лефковски Давор зголеми на 5:0. Конечните 6:0 на натпреварот беа дело на Кристијан Танески.

vardarfans-pobeda

Вардар (1) исто така успеа да победи против тимот на Бешикташ. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 3:0. Никола Величковски го отвара резултатот на мечот за водство на Вардар од 1:0, на асистенција на Јовановски. Филип Јовановски во следната акција имаше шанса, но неговиот удар завршува покрај голот. Вардар беше подобра екипа на теренот, нов кој се најде во прилика имаше Давор Серафимов кој биеше сп глава од претходно изведен корнер. Нова шанса имаше Јовановски кој биеше повторно покрај противничкиот гол. Последен кој се закани во првиот дел имаше Давор Серафимов, но резултатот остана непроменет. Резултатот на полувреме беше 1:0.

Величковски на стартот на вториот дел се закани кон голот, но и натаму резулктатот останува ист. Во продолжение од мечот зголемуваме на 2:0 со погодокот на Филип Јовановски. Најпрво биеше Величковски, голманот одбрани на одбиената топка наиде Јовановски кој успешно стрела. Бешикташ беше безопасен кон нашиот гол, а Спасиќ шутираше од голема далечина покрај голот на Бешикташ. Уште еден погодок во мрежата на противникот, повторно дело на Јовановски, за конечен резултат од 3:0.

14938130_1145982188781959_2643090269610140949_n

И после денешното коло оваа генерација на Вардар го задржа стопроцентниот ефект во лигата.