На теренот во населбата Јане Сандански се одигра дербито во пионерската лига помеѓу Вардар и гостинот Шкупи. Играчите од Чаир направија изненадување и му го нанесоа првиот домашен пораз на нашиот тим сезонава со 1-3. Тренерот Тодоровски Сашо овој дуел го почна со следните играчи: Велковски, Рамиќ, Антовски, Ѓоргиевски, Стојчевски, Дарлишта, Адем, Калчиновски, Бериша (капитен), Битиќи и Пешевски.
Во нашиот состав се вратија тројцата играчи кој минатите две кола беа одсутни поради репрезентативни обврски: голманот Валковски, Антовски и Битиќи. Сепак кај нив се почуствува заморот од напорниот квалификационен турнир во Италија каде одиграа три тешки мечеви. Кренар Дарлишта прв е во прилика, сепак гостинската одбрана чисти во последен момент. Истиот играч е во прилика и во продолжение сепак одбраната расчистува повторно буквално во последен момент. По една неуспешна офсајт замка шанса за Шкупи, сепак голманот Велковски успеја со глава да острани на 25 метра од неговиот гол. Ние сме во постојана офанзива во овој дуел, Шкупи се брани и се обидува преку контри да казни. Токму во 28 минута успеваат преку Онур Љутви да постигнат гол за 0-1. По овој гол тие се повлекоа во дефанзива ние напаѓавме,но јалово без посебни прилики за одбележување во првиот дел.
На почетокот на вториот дел тргаме офанзивно да обидеме да се вратиме во мечот и да изедначиме, ние во почетните минути сме далеку подобрат противник на овој дуел. Дарлишта Кренар пропушта шанса од два метра успева да го промаши голот на Шерифи, ова беше многу изгледна прилика. Две прилики пропуштаме во продолжение во првата асистира нововлезениот Благоевиќ, а Дарлишта промашува. Во втората Дарлишта асистира до Благоевиќ кој несупева од непосредна близина да стрела. Битиќи нафрла со глава промашува капитенот Бериша сосема одлична прилика за намалување на резултатот. Повторно казнува Шкупи ние напаѓавме постојани тие од контра зголемија на 0-2. Стрелец на голот беше Омер Јашари кој погоди поземја. Битиќи пропушта прилика кога од 16 метра шутира силно, топката минува крај левиот директ. Голема шанса има Рамиќ Елвир кој со глава шутира од 5 метра во рацете на Шерифи Артан. Вардар напаѓа постојано атакува да намали, за жал тоа го користи Шкупи кој погодува од 25 метри преку нововлезениот Идризи Ријат. Само 60 секунди по третиот гол успеваме да го “скршиме мразот“ Саид Битиќи во соло продор погодува за 1-3. По голот напаѓаме со сите сили да успееме да извадиме солиден резултат на ова пионерско дерби. Бериша во голема прилика топката завршува во надворешниот дел од мрежата. Ова беше последна прилика на овој дуел.