Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Продолжуваат победите за ФК Вардар генер. “2004“ во детската лига
Продолжуваат победите за ФК Вардар генер. “2004“ во детската лига

Продолжуваат победите за ФК Вардар генер. “2004“ во детската лига

Нови две победи за фудбалскиот клуб на Вардар од генерација родени “2004“ во денешното коло на детската лига.

Вардар (1) се сретна со екипата на Кул Здравје (1) која ја совлада со резултат 4:1. Почетна иницијатива на Вардар на овој дуел, кој се обидуваше уште од првите минути да го отвори резултатот. Првиот удар кон голот на Кул Здравје го имаше Матео Софијаноски, но топката завршува во рацете на голманот. Се закани и противничката екипа, но успешно одбрани Стефан Тасев. Во следните два обиде се обиде Никола Павлески, но резултатот остана оној почетниот. Црвено-црните се повеќе притискаа кон голот на Кул Здравје, противникот до тие моменти успешно се бранеше. Обид имаше и Исмет Хајдари, кој биеше покрај голот на противникот. Следи “магична“ акција на Вардарци, која ја започна Богдановски направи продор подава до Каровски, овој несебично асистира до Матео кој бие силно во противничката мрежа за предност од 1:0. Истиов играч Матео Софијаноски успева да погоди повторно и да го зголеми резултатот на 2:0.  Првото полувреме завршува со резултат 3:0. Стрелец на голот од голема далечина беше Никола Павлески.

vardarfans-pobeda

Во вториот дел по еден гол на двете страни. Најпрво Каровски зголеми на 4:0, додека противникот успеа да постигне почесен гол за намалување на резултатот. Имаше шанса противникот да постигне уште еден гол, но оидлично брани Тасев. Шанса за Вардар, се обиде Богдановски, кој бие покрај голот. Каровски имаше нова прилика, но резултатот е непроменет. Софијаноски ја погодува пречката од голот на Кул Здравје. За одбележување на овој меч е дека црвено-црните промашија два удари од белата точка. Најпрво не реализираше Марио Ричков, додека неговиот соиграч Матео Софијаноски исто така не беше успешен од истово место. Конечниот резултат беше 4:1.

  1. Вардар (2) за противник го имаше тимот на Викторија, овој меч ни припадна со резултат 7:0. Обид прв на Анчевски покрај противничкиот гол. Нов кој се обиде беше Марко Софијаноски и тоа од слободен удар, за малку покрај голот на противникот. По наша грешка во одбраната. Викторија имаше можност да поведе, но голманот Василев спречува негатива. Успеваме да поведеме со 1:о со голот на Георг Стојановски од втор обид, откако првиот заврши во стативата од противничкиот гол. Нова добра одбрана на Василев, кој одлично брани на голот на Вардар. Избраниците на Андовски имаа целосна иницијатива на овој натпревар, повторно погодува Стојановски за водство од 2:0, откако Анчевски успешно асистираше. Во шанса се најде и Горазд Попов кој биеше над голот на противникот. Нова шанса за Георг, одлична интервенција на противничкиот голман. Следи ремек дело на Никола Анчевски кој погодува од голема далечина, прецизно под пречката за предност од 3:0. Со овој резултат се замина на краток одмор.

vardarfans-gener-2004

Во второто полувреме првата шанса ја имаше Стојановски кој со глава биеше покрај голот. Успеваме да зголемиме на 4:0, со гол на Огнен Здравковски, шутираше Огнен, голманот ја испушти топката од рацете и заврши во голот. Петарда веќе во мрежата на противникот, стрелец на голот беше Димитар Стоимов за 5:0, кој погодува на одлична асистенција на Георг. Стојановски повторно во шанса, нафрли топка Софијаноски но голманот успешно брани. Имавме можност да зголемиме, но неуспешен од белата точка беше Стојановски. Сепак овој играч успева да погоди за водство од 6:0. Последниот гол на овој меч го постигна Горазд Попов кој носи предност на Вардар од 7:0. Овој резултат беше конечен на овој меч.

Оваа Вардарова генерација и по одигрување на денешното коло останува на врвот на табелата во двете групи со максимален број на освоени бодови.