Вардар се враќа од Кочани со три бода. Шампионот на Македонија попладнево го победи тимот на Брегалница од Штип со резултат 1:0 (0:0) Седлоски овој натпревар го започна во следниот состав: 1. Алексовски, 3. Попов, 6. Грнчаров, 8. Спировски, 10. Којашевиќ, 20. Николов, 21. Новак, 70. Фелипе, 77. Брдаровски, 89. Боарето, 97. Петковски.
Во првите 15 минути од натпреварот нашиот тим ја имаше топката во свој посед, но не створи некоја шанса да го загрози голот на Кобетиќ. Домаќинот во првите 15 минути имаше еден опасен удар преку еден нивни играч, но Алексовски беше внимателен и ја одбрани таа топка. Во 14 минута Балотели имаше закана но Кобетиќ одбрани. Во 16 минута нашиот тим ја имаше првата голема шанса, Балотели убаво додаде до Николов кој биеше од 15-сетина метри, но за малку над голот на Кобетиќ. Отворена игра имаше на двете страни, и домаќинот се отвараше, односно имаше обиди да го загбрози голот на нашио тим. Следуваше фаза во која нашиот тим притисикаше но без удар кон голот на Кобетиќ. Во 34 минута домаќинот упати еден удар кон нашиот гол, но топката отиде над голот на Алексовски. Во 38 минута Николов имаше одлична шанса да го донесе нашиот тим во водство но неговиот удар го одбрани Кобетиќ и спречи водство за Вардар. Во 43 минута Николов имаше уште една, трета шанса на мечот, но биеше високо над голот. Нов удар во 44 минута на Којашевиќ, но и овој удар заврши високо над голот.
Во вториот дел во 46 минута излезе Петар Петковски, на теренот влезе Дејан Блажевски. Во 52 минута Којашевиќ нафрли, Балотели биеше со глава, но за малку крај голот отиде оваа топка. Во 57 минута Балотели ја погоди стативата од голот на Кобетиќ. Во истата минута и Фелипе упати удар, но Кобетиќ со крајни напори исфрли во корнер. Гооол на Вардар во 64 минута. Спировски нафрли од слободен удар, Новак со глава погоди за 1:0 за Вардар. Во 65 минута во игра влезе Јасир Асани, а излезе Бобан Николов. Во 72 минута Здравков шутираше но за малку над голот на Алексовски. Во 74 минута Блажевски биеше добро, но Кобетиќ уште еднаш одбрани удар на нашите играчи. Во 77 минута во нашиот тим беше извршена и третата замена. Во игра влезе Мијушковиќ на местото на Новак. Во 82 минута голема шанса за Брегалница, но Муратовиќ од 7-8 метри шутираше само во десната статива од голот на Алексовски. Во 85 минута по една мешаница за среќа топката дојде во рацете на Алексовски. Крај на натпреварот 0:1