Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар оди по нова победа против Астраханочка, овој пат пред својата публика
Вардар оди по нова победа против Астраханочка, овој пат пред својата публика

Вардар оди по нова победа против Астраханочка, овој пат пред својата публика

Женскиот ракометен шампион на Вардар денес ги продолжува настапите во најголемото ракометно натпреварување. Пред својата публика во спортскиот центар Јане Сандански од 17:30 часот ќе ја пречека екипата на Астраханочка.

Ова ќе биде втор натпревар за нецели седум дена помеѓу овие две екипи, првиот во Русија го добија црвено-црните со резултат 26:31. Вардарки се во потрага по треттата победа во групата Ц и се сметаат за апсолутен фаворит во пресрет на овој натпревар. Своето деби на клупата оваа сезона ќе го има Давид Дејвис кој од четвртокот е назначен за шеф на струќниот штаб, а негов помошник ќе биде Аце Станковски. Шпанскиот стратег веќе има искуство за водење на женската екипа на Вардар, откако минатата сезона ја водеше на дел од натпреварите во главната групна фаза, како и оние елиминациските. Со него на чело во четврфиналниот двомеч бевме далеку подобри од екипата на Ларвик. На завршниот турнир во Будимпешта го освоивме третото место, откако прво бевме поразени од ЦСМ Букурешт, а во борба за третото место го совладавме Будуќност. Соптвеникот на клубот, господинот Сергеј Самсоненко се реши да не бара друг тренер, туку оваа фунцкија да ја даде на веќе проверена варијанта.

На натпреварот со Астраханочка во Русија во екипата се врати Александра Лакрабер, но нејзината соиграчка на десната бековска позиција Барбара Лазовиќ заработи незгодна повреда на окото поради која ќе отсуствува на утрешниот натпревар. Вардар заедно со ФТЦ Будимпешта се наоѓаат на првите две места на табелата со 7 освоени бодови. Билетите за овој натпревар изнесуваат 150 денари. Сите кои веќе имаат сезонски билети како Вардар ПАС картичка ќе можат да го проследат овој натпревар. Инаку ова е последен меч за Вардарки во групата Ц, кој ќе го играат пред своја публика.