Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пионерките на Вардар повторно високо триумфираа, Стружанка нова “жртва„
Пионерките на Вардар повторно високо триумфираа, Стружанка нова “жртва„

Пионерките на Вардар повторно високо триумфираа, Стружанка нова “жртва„

Денес пионерките на  Вардар во рамките на второто коло во лигата беа  домаќини на екипата на Стружанка. По воведната убедлива победа против Чаир, избраничките на Ристова и Пецевска дојдоа до нов висок втор триумф. Тие во дуелот кој се одигра во “Кале“ со Стружанка однесоа победа со резултат 24-11, а и првиот дел го завршија со високо водство од 13-7.

Први со погодок мечот го отворија гостинските ракометарки погодувајќи за 0-1. Ние изедначувваме на 1-1, но тие повторно поведуваат со гол за 1-2. Следува менување на текот на натпреварот, нашите девојки ја консолидираат одбраната, во нападот погодуваат лесно и прават серија 5-0, со која поведуваат 6-2. Во следните минути полека го зголемуваме водството со трпелива игра поведувајќи на влезот во последните пет минути со 10-4. Докрајот во последниот период се играше гол за гол на двете страни, двата тима постигнаа по три погодоци во противничката мрежа. На одмор се отиде со резултат 13-7 на семафорот во спорско рекреативниот центар “Кале“.
(Фотогалерија) Убедлив старт за пионерките на РК Вардар

Вториот дел започна со три последователни погодоци за црвено-црните пионерки предводени од тренерскиот тандем Пецевска и Ристовска. Првпат отидовме на дотогаш најависоките “плус девет“ поведувајќи со 16-7, со што по само пет минути игра во вториот дел се наговести победникот на овој меч. Следеше помирен дел од натпреварот во кој Стружанка успеаа да игра колку толку рамноправно со нашиот црвено-црн пионерски состав. Двата тима пред почетокот на финишот постигнаа по три гола за да остане “девет плус“ за нас, односно резултатот беше 19-10. Во последните минути им го нанесовме клучниот удар за високата победа, нашите девојки прават серија 5-1 и однесоа победа со високи 24-11.

 Ѓорѓиевска кај нас постигна четири гола и беше најефикасна. Софтовска, Донева и  Петковска постигнаа по три гола.  Оваа генерација има одличен старт на сезоната две победи во лигата и трето место на турнирот кој се играше неделата организиран од Општината Гази Баба, каде во дуелот за треттото место ја победивме екипата на Металург.